На син ми му ја покажав куќата во која живеев, а тој се исплаши: Роналдо го соочи синот со минатото
Кристијано Роналдо е еден од луѓето кои од ништо постигнале многу. Живеел во сиромаштија во Мадеира каде што и се родил, во тешки услуви, а како дарба од Бог го добил талентот за фудбал. Тој талент не го земал здраво за готово, туку тренирал три пати повеќе од останатите и го постигнал сето она што го има денес. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Денес има осигурана егзистенција и за своите правнуци, а на синот Кристијано Јуниор одлучил да му покаже дека на него не му паднло се од небо и дека морало да се бори за егзистенција и слава. Го однел синот на патиштата од неговото детство, во Мадеира, а потоа и во Лисабон каде се преселил кога имал само 12 години.
„Бев возбуден кога го носев да види каде поминав дел од своето детство. На Мадеира има одено неколку пати, а сега го однесува во Лисабон да види каде живеев таму. Тука се уште живеат луѓето кои живеаа тогаш. Ме потресе тоа што ги видов, бидејќи не очекував дека се останати“ - призна Роналдо, а потоа откри што најмногу го растажило. Бил возбуден што на синот ќе му ја покаже куќата во која живеел во Лисабон.
„Влеговме во собата во која живеевме мојот пријател Paixao и јас. Мојот син се уплаши и не можеше да верува. Не е се лесно во животот и некои деца можеби сметаат дека се паѓа од небо. Сакам на мојот син да му покажам дека не е се во талентот и дека само работата и посветеноста може да го донесат она што го сака“ - рече Португалецот.
На прекрасен начин му покажал на синот дека животот не е мед и млеко и го прошетал по улиците каде што тој растел и ги поминувал деновите. Најважно во животот е да се биде скромен, а Кристијано на најдобар можен начин му го покажа тоа на својот син.