На туѓото плукаме, а од тоа собираме милиони: Колку се слушани песните на македонските ѕвездички?
Балканските музички натпреварувања создадоа многу нови ѕвезди и ѕвездички. Во секое имаше барем еден македонец кој со своите вокални способности ги освојуваше сите. „Ѕвездичките на Пинк“ е едно такво, а од него излегоа неколку сега веќе многу популарни ѕвездички.
Помеѓу нив се вбројуваат Трајче Ѓоргиев, Мартија Станојковиќ, Антониа Гиговска, Лина Пејовска, Сара Гиговска и многу други. Некои од нив веќе наголемо работат на своите кариери, а останатите повремено знаат да ја изненадат публиката со некоја преработка или пак новокомпонирана песна. Но, кај сите овие млади надежи едно нешто е заедничко - имаат барем по една песна, која можеме да ја слушнеме на радио станиците ширум земјава.
Следејќи ја нивната музичка кариера има едно нешто што „боде во очи“. Тоа е гледаноста на видеата на платформата јутјуб. Имено, авторските песни отпеани на македонски на нашите ѕвездички имаат едвај 1/4 од гледаноста која ја имаат на видеата од настапите на „Ѕвездички“ или пак на каверите, а уште поинтересно е тоа што српските верзии или песни отпеани на српски имаат исто така многу прегледи.
За полесно да ви го доловиме она што го зборуваме, време е за примери...
Целиот текст прочитајте го на Хаштаг