НАД СИТЕ ОЧЕКУВАЊА: Меси и ПСЖ во хит реклама

Продолжението на една од најинтересните реклами за минатата година ќе ви покаже како фудбалот и технологијата совршено одат заедно!

Најдобриот играч на Светското првенство во Катар ја предводи фудбалската репрезентација преполна со ѕвезди во нова реклама, која на најдобар начин ја евоцира врската меѓу фудбалот и технологијата - брзина, прецизност и меѓусебна поддршка!

Меси ќе го видите само на крајот, а пред тоа играчите на ПСЖ, Марко Верати, Нуно Мендеш и Фабио Руиз ќе продефилираат на кадрите со девојки и момчиња во жарот на фудбалскиот натпревар.

Во брилијантно продуцираното видео на YouTube, овојпат фудбалерите се „зад камера“ и навиваат за децата кои играат на теренот, а натпреварот го следат во живо на новите Hisense ULED и Laser TVтелевизори.Овие телевизори доаѓаат со унапреден спортски режим на сликата и технологии за прикажување што прават натпреварите на телевизија да изгледаат како да сте на стадион! Кога е најинтересно и им треба одмор и освежување – тука е новиот Hisense фрижидер.

Воодушевени од детската умешност на теренот на улица, фер-плејот и нивниот спортски дух, Марко, Нуно и Фабио се појавуваат меѓу децата додека играат, а како и секогаш кога е најинтересно - Меси влегува во игра и ја решава работата!

Погледнете ја рекламата тука.

Hisense и ПСЖ

Компанијата Hisense, еден од светските лидери во индустријата за телевизори и апарати за домаќинство, соработува со францускиот ПСЖ веќе три години.По минатогодишната исклучително популарна реклама, истиот тим ги повторува своите улоги и покажува меѓусебна поддршка, која партнерите ја негуваат на задоволство на сите фанови на познатиот клуб.

Beyond Your Expectations, новиот слоган, јасно им покажува на корисниците и фановите како уредите и технологијата на Hisense, како и фудбалскиот тим ПСЖ, ги надминуваат сите очекувања.

Hisense ја лансира оваа реклама по успешниот настап на светскиот пазар минатата година.Новата анализа на истражувачката компанија ИПСОС покажа дека свесноста за брендот Hisense во Франција е зголемена за осум отсто од потпишувањето на партнерството со ПСЖ и расте секоја година од 2020 година.

Hisense и ПСЖ досега спроведоа бројни проекти заедно во возбудливо тригодишно партнерство, од нови LED дисплеи околу Паркот на принцовите до добротворни потфати како што е донацијата на паметна опрема за дигитална обука за тинејџери, преку фондот за донации на ПСЖ.

За крај, ви пренесуваме поглед од зад сцената, секогаш актуелен и интересен, за да видите како Hisense и ПСЖ ја оживеаја магијата на фудбалот со оваа реклама.

Погледнете го видеото тука.

Повеќе информации за Hisense на mk.hisense.com.

ПР објава