Надал остро за Ѓоковиќ: Тој е опседнат...
Фото: Doha Stadium Plus Qatar - CC BY 2.0
Во интервју за британски „Метро“, најдобриот шпански тенисер
Рафаел Надал проговори за својот лут ривал Новак Ѓоковиќ.
Надал рече дека Србинот е опседнат со рушење на рекордот, а дека тој не е премногу заинтересиран за тоа.
„Новак е повеќе фокусиран на рушење на рекорди. Тој е опседнат со тоа. Не мислам на лош и негативен начин, но тој е едноставно поконцентриран и сконцентриран на рушење на рекордот. За него тоа значи многу повеќе, тој секогаш зборува за тоа. Мојот пристап кон тенисот не е таков. Имам поздрава амбиција, различна од него“, рече Надал, пренесува Новости.
Откако го сруши рекордот по бројот на недели поминати на врвот на АТП-листата (311), Новак јасно рече дека неговата следна цел е да стане тенисер со најмногу освоени грен слем титули. Тоа е рекордот што моментално го држи Шпанецот, кој (како Федерер) има 20 ГС трофеи.