Надал: Против Ѓоковиќ веројатно последен меч за мене на Ролан Гарос
Утре се игра големата тениска класика, Новак Ѓоковиќ против Рафаел надал на Ролан Гарос, на земјена подлога, на „Филип Шатрие“.
Четвртфиналниот дуел на РГ, е 59 пресметка на Ѓоковиќ и Надал, Шпанецот се мачеше во осминафиналето, и едвај го победи во пет сета Феликс Оже Алијасим, во меч кој траеше 4 часа и 21 минута.
Надал призна дека не очекувал ваков долг и исцрпувачки меч, физички е исцрпен, и вели, дуелот со Ѓоковиќ утре, можеби е последен за него на Ролан Гарос.
Ова беше напорен меч, следува Ѓоковиќ, со него не сум играч една година, тоа е огромен предизвик. Новак е во серија на победи, има голема самодоверба. Јас и не знаев дали ќе играм на Ролан Гарос, секој меч може да биде мој последен на овој турнир, па така и против Ѓоковиќ. Тој е фаворит, иако е ова мој омилен турнир“ – изјави Надал.