Најчудниот главен град на светот: Како АСТАНА ја доби оваа ласкава титула?
фото:roughguides
Има нешто чудесно во главниот град на Казахстан - Астана.
Од оваа „празнина“ произлегува маса од чудни футуристички структури. Најнова таква е Хан Шатир, трговски центар кој го претставува најголемиот шатор во светот, според идејата на Норман Фостер. Фостер беше и архитект одговорен за Палатата на мирот и помирувањето, пирамида висока 60 метри. Тука се и Централната концертна сала, која одозгора изгледа како цветна пупка, циркусот во облик на летечка чинија, претседателската палата која наликува на Белата куќа и Бајтерек, кула висока 100 метри која наликува на џиновско лижавче.
Меѓутоа, до пред само 15 години градот не ни постоел (*Написот е напишан во 2014 година), што дотогаш беше празно парче земја покрај реката Ишим, најпозната по својот поранешен гулаг за сопругите на советските предавници.
Денес, овој возвишен, научно-фантастичен град на хоризонтот му носи меѓународно признание на Казахстан.
Нил Билет, директор и партнер на Буро Хаполд, консултантската фирма која соработува со фирмите на Фостер за Кан Шатир и Палатата на мирот, го пофалува напредното размислување на локалните архитекти.
„Тие навистина сакаат предизвик и се организираат за да се соочат со него на начин кој е многу инспиративен“, рече Нил, додавајќи: „Проекти како овој би ги окупирале главите на многу врвни изведувачи, а во Казахстан би морале да се соочат со истите проблеми, само во многу поостра клима“.
Времето во главниот град навистина ја отежнува изградбата. Во текот на зимските месеци, температурата може да се спушти до -40 степени Целзиусови, што ја прави Астана вториот најстуден главен град во светот. Во текот на летото, живата во термометарот може да се искачи и до 30 степени Целзиусови.
Според Џорџ Келирис, градежен инженер во Буро Хаполд, овие температурни варијации се покажале особено интригантни за време на изградбата на Палатата на мирот.
„Моравме да ставиме систем кој го ублажува стресот и овозможува структурата да дише“, рече Келирис. Решението до кое дошле е да го прицврстат еден агол од пирамидата, а другите агли да ги постават на лежишта. Иако е вообичаено на мостовите, таквите лежишта сè уште не се користени на цели згради.
„Во суштина, зградата е на ролери“, рече Келирис, додавајќи: „Поради климата, објектот мора да биде футуристички“.
Од далечина, архитектурата на Астана изгледа разновидна, но низ секој нејзин дел се проткаени силни казахстански мотиви. Бајтерек е изграден според локалната легенда за „Дрвото на животот“; приказната има златно јајце, а на врвот на зградата има златна сфера. Обликот на Централната концертна сала намерно потсетува на традиционален казахстански инструмент, познат како домбра (на узбекистански овој инструмент се нарекува дамбура, а неговиот изглед неверојатно потсетува на тамбура).
Од кога стана главен град, населението на Астана е повеќе од двојно зголемено, а денес е поголемо од 814.000. И покрај ова, урбаниот раст на новите згради сè уште изгледа претерано. Централната концертна сала е една од најголемите во светот и собира 3.500 гледачи, додека арената Астана има 30.000 гледачи.
Сепак, според Шерик Рустамбеков, локален архитект, овие проекти се во совршена хармонија со локалниот начин на размислување.
„Треба да го разберете казахстанското минато за да добиете подобра слика за нашиот светоглед. Ние сме номадска цивилизација која се развивала во текот на илјадници години на огромното пространство на Евроазија. Слободниот, простран простор е поимпресивен за казахстанскиот менталитет отколку тесните услови пронајдени во многу европски центри.“
ВИДЕО:
Безброј архитекти ширум светот имаа свој удел во обликувањето на хоризонтот на новиот главен град, но самец кој имаше најголемо влијание врз трансформацијата на градот беше претседателот Назарбаев. Манфреди Николети, чија фирма од Рим Студио Николети ја дизајнираше Централната концертна сала, потврдува дека Назарбаев е многу практичен кога станува збор за реализација на структурата.
„Тој често се шегуваше дека зградата е непосредно пред неговата резиденција (претседателската палата) и дека градежното земјиште - и ние се разбира - секогаш е под негова контрола.
На неколку начини, Астана изгледа како суета проект на Назарбаев. На врвот на Бајтерек, кој е создаден од нацртот што сам го направил Назарбаев, посетителите можат да го допрат неговиот позлатен отпечаток од раката, а секоја година прославата на годишнината на градот се совпаѓа со неговиот роденден.
Оние кои не се согласуваат со кажаното, сметаат дека Астана не е симбол на егото на Назарбаев, туку неговата амбиција за казахстанската нација. Еден од најголемите поддржувачи на Назарбаев доаѓа во малку необична форма на Џонатан Аиткен, поранешен британски политичар кој неодамна објави биографија на казахстанскиот претседател врз основа на 23 часа лични интервјуа и ретроспектива на земјата.
„Иако сум сигурен дека Назарбаев има големо его, тоа е повеќе его кое вели „Ја сакам мојата земја“ отколку она што само вели „Јас““, рече Аиткен.
Аиткен го поистоветува типот на покровителство на Назарбаев со она што доминирало во 18 век во Европа, особено со Луј XIV.
„Како што Версај и делови од Париз беа создадени врз основа на визијата на еден човек, така беше и Астана“, рече Аиткен.
Футуристичкиот дизајн ја отсликува амбицијата и желбата на Казахстан да се оддалечи од советското наследство кое наруши многу од околните централноазиски народи.
„Архитектурата секогаш го претставува развојот на државата, технологијата и културата“, забележува Рустембаков и додава: „Астана се позиционира како центар на Евроазија, место каде што се спојуваат истокот и западот, па комбинацијата на стилови е сосема природна“.
*Забелешка: Во март 2019 година, пет години по објавувањето на овој напис, беше донесена одлука Астана да се преименува во Нур Султан, по Нурсултан Назарбаев. Во 2022 година беше донесена одлука за враќање на старото име „Астана“ на Нур Султан
извор:nationalgeographic