Најголемата болка ја криеше со насмевка: Трагедијата што го одбележа животот на Ѓорѓе Балашевиќ
Пејачот, текстописец, поет, актер и режисер Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари 2021 година во родниот град. Роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад.
Животот на Ѓорѓе Балашевиќ беше обележан со неизмерна среќа, но, за жал, и со огромна тага.
Освен големото уметничко наследство, зад Ѓоле остана и семејството, кое и денес тешко се справува со загубата. Неговата сопруга Оливера, ќерките Јована и Јелена и синот Алекса засекогаш го чуваат споменот на сопругот, таткото и дедото. Но, малкумина знаат дека имал сестра која одамна починала.
Сестрата на Ѓорѓе Балашевиќ се викала Јасна и била постара од него пет години. Од нејзината смрт никогаш целосно не се опоравил.
Имено, сè до моментот кога беше хоспитализиран поради воспаление на белите дробови, Ѓорѓе живееше со сопругата во куќата во која е роден, на улицата Јована Цвијиќа во Нови Сад, која ја опеа и во својот хит „Неки нови клинци“.
Сестрата на Ѓорѓе Балашевиќ беше инспирација за негова песна
Сепак, Ѓорѓе стиховите, освен за Оливера, ги посвети и на својата сестра, за која бил многу приврзан.
Еден од најтажните моменти во животот на „Панонскиот морнар“ била токму смртта на Јасна, за која никогаш не зборувал јавно, бидејќи болката му била преголема, пренесува Zadovoljna.rs.
За сестрата на Ѓорѓе Балашевиќ се знае многу малку, но од неговите песни може да се заклучи дека била мажена и имала ќерка. Некои медиуми пишуваат дека токму неа ја посветил песната „Наопака бајка“.