Најголемиот фраер во Холивуд сопругата го изневерила на најлош можен начин: Се фалеше дека има жена за медал, а таа ...
Колин Фирт на 10 септември наполни 64 години, а се потсетуваме на бурниот љубовен живот на актерот кој го игра олицетворението на идеалниот маж во холивудските хитови
Колин Фирт го знаеме како господин Дарси од „Гордост и предрасуди“, но и како идеален тип за Бриџит Џонс. Сепак, неговата љубовна приказна е далеку поинтересна и ги има сите елементи, од љубов на прв поглед до скандалозна прељуба за која се шпекулира и до ден денес.
Како Колин ја запозна Ливија Џуголи?
"Се сретнавме во Катахена. Тоа е неверојатно убав град, полн со неверојатно убави луѓе. Таа стоеше таму сосема сама... Штом ја видов, тоа беше инстант срцев удар. Ја видов и сфатив дека тоа е тоа. ", рече Колин во шоуто на Елен Деџенерис.
Тие се запознаа во 1995 година, откако Колин ја раскина шестгодишната врска со актерката Мег Тили, со која го доби синот Вилијам, роден во 1990 година.
Во тој момент Колин Фирт имаше 35 години, а Ливија Џусоли 25 години. Таа штотуку ја започнуваше својата филмска кариера и работеше како асистент во продукција.
Самата Ливија тврдеше дека никогаш не го слушнала или видела Колин Фирт и не знаела колку голем актер е тој. Но, кога ѝ пришол висок, срамежлив маж, таа почувствувала моментална привлечност.
Но, Ливија тогаш била свршена и подготвувала голема свадба во Рим. Таа остави сè за Колин, со кој се омажи во летото 1997 година.
Пред да се омажи за актерот, таа се преселила во Лондон и тој направил се за да ги придобие нејзините бројни роднини, бидејќи нејзините родители не биле ентузијасти што нивната Ливија се омажила за „тажен Англичанец“.
„Можете ли да замислите еден ден морав да му кажам на нејзиното семејство: „Во Англија ме сметаат за еден од најпосакуваните ергени“, и сите ми се смееја“, изјави актерот.
Штом се запознале, Колин почнал да учи италијански. Во сите интервјуа што ги даваше тој зборуваше за својата сопруга и за тоа колку имал среќа што ја запознал.
Тој ја запозна својата шармантна млада сопруга со Мерил Стрип, Ал Пачино и Џуди Денч и сите тие рекоа дека е прекрасна - сите освен публиката која не ја сакаше сопругата на Колин Фирт.
Но, Ливија не се грижеше за острите написи во весниците, таа почна да гради независна кариера развивајќи го својот бизнис со неверојатна брзина. Таа основа маркетинг-консултантска агенција, која се залага за правата на жените и еднаквоста.
Во 2002 година, парот го доби првиот син Лука, а три години подоцна се роди Матео.
Колин зрачеше од гордост покрај неговата Ливија на црвениот тепих. За да ја изрази љубовта кон сопругата, актерот доби двојно државјанство, постојано летајќи за Италија за неговите деца да знаат дека тоа е и нивна татковина.
Нивниот брак, гледан однадвор, бил совршен. Ливија била толку самоуверена што никогаш не доаѓала на филмските сетови. Таа имаше доверба во Колин дека тој нема да ја изневери со првата згодна колешка која што ќе го погледна.
"Колку и да е блескава, убава мојата партнерка на снимањето, или како и да ме гледаше - таа не може да се спореди со мојата сопруга. Ливија за мене е најубавата жена на светот", изјави Колин.
И тогаш се се распадна...
Италијанскиот печат објави дека имало раздор во семејството Фирт. Имено, семејството побарало заштита од полицијата бидејќи ги малтретир извесен Марк Бранкач.
Изгледа дека дотичниот му испраќал на Колин Фирт пораки, писма и повици кои имале одредена компромитирачка содржина цела година.
Двојката набрзо во медиумите објави дека се во тешка ситуација и дека ги гони човек од кој не можеле да побегнат.
А потоа се покажа дека Ливија Џудџоли го познава прогонителот и дека добро го познава.
Семејни тајни
Она што Фирт сакашеда се скрие експлодираше во неверојатен скандал на глобално ниво: сите списанија - од таблоиди до интелектуални написи - пишуваа како Ливија го изневерува Колин.
Се испостави дека во 2014 година имале мало раскинување, т.е. решиле привремено да се разделат. Дотичниот Марк, кој имал афера со Ливија, се втурнал во тој прекин во нивниот брак.
За тоа време и Ливија и Колин излегуваа заедно, се држеа за раце, се појавуваа на настани, што за сите беше чудно со оглед на тоа дека сакаа да раскинат.
Подоцна се покажа дека во 2014 година Колин не сакал да раскине со Ливија, туку дека ја измислил таа информација за да ја оправда нејзината афера со Марк.
И тогаш Ливија призна дека го изневерувала со нејзиниот познаник, италијанецот Марк, и дека истиот Марк испратил е-пошта до Колин со слики и информации за прељубата, која траела цела година“. Медиумите добија и информација дека Марк протестирал што полицијата му го одзела лаптопот, затоа што немал намера да го демне Колин Фирт, само бил повреден што Ливија го оставила после една година врска, па на Колин му испратил пар мејлови и слики .
Според Марк, тој и Ливија се познавале уште од детството. Првата средба со Ливија била во куќата на Колин во Италија.
„Постојано патуваше поради работа и тоа беше совршената маска за нашата врска. Ќе му кажеше на Колин дека оди на службен пат и ќе дојде да ме види. Бевме заедно во Њујорк, Исланд, Рио де Жанеиро. .. Таа вели авантура, а јас велам дека бевме длабоко заљубени“, им рекол Марк на новинарите.
„Во текот на 11-те месеци колку што бевме заедно, во телефонот имам голем број заеднички фотографии, нејзини пораки, исповеди, видеа.
По само 6 месеци страстите стивнаа и приказната за прељубата беше заборавена. Колин и Ливија продолжија да живеат заедно, да одгледуваат деца и да работат. Колин повеќе не даваше интервјуа и не ја спомна сопругата.
Тие се разведоа во 2019 година. Во официјалното соопштение се вели: „Колин и Ливија Фирт се разведуваат. Тие ќе го задржат своето пријателство во име на љубовта кон нивните синови. Тие бараат да се почитува нивната приватност. Нема да има дополнителни коментари“.
Извор. Стил курирФото. Профимедиа, АП