НАЈМОЌНИ ЛЕКОВИ ОД ПРИРОДАТА: Го зајакнуваат ИМУНИТЕТОТ и прават детоксикација на телото!

И покрај напредокот на модерната медицина, не треба ниту да ја заборавиме ниту да ја занемариме моќта на природните лекови

Луѓето лекуваат разни болести и состојби со помош на лековитите својства на билки, храна и нивни комбинации, и бидејќи природните лекови во повеќето случаи немаат несакани ефекти, многу луѓе сè уште претпочитаат да ги користат наместо конвенционални лекови.

Хербалната медицина е всушност основата на модерната медицина и дава многу придобивки. Еве ги нивните предности: стимулираат природно лекување, подостапни се (финансиски), имаат помалку несакани ефекти, го зајакнуваат имунитетот, ги стабилизираат хормоните и метаболизмот.

Ѓумбир

Ѓумбирот е моќен природен лек против болка и воспалителни процеси, а има и антибиотски својства, без оглед дали го користите во свежа форма, како тинктура или лековито масло.

Лук и кромид

Лукот и кромидот имаат силно антибактериско дејство, делуваат против габи и имаат антиканцерогени својства. Лукот е еден од најчесто користените природни антибиотици ширум светот.

Мајчина душица

Есенцијалното масло од мајчина душица има силно антимикробно и антисептичко дејство. Мајчината душица во различни форми (чаеви, сирупи, тинктури и сл.) лечи кашлица, бањи со есенцијално масло од мајчина душица ја смируваат нервозата и ја ублажуваат болката во зглобовите. Кога се нанесува на кожата, помага во ублажување на егзема, акни и слични проблеми.

Мед

Познато е дека медот уништува повеќе од 60 различни видови на бактерии.

Каранфилче

Есенцијалното масло од каранфилче има и антибактериско дејство и често се користи во третман на проблеми со непцата и генерално го подобрува оралното здравје.

Кокосово масло

Има и антибактериско дејство, но и против габи и вируси, доколку се зема орално, спречува навлегување на патогени организми во дигестивниот систем.

Масло од диво оригано

Моќен природен лек против вируси, габи и бактерии. Има антиинфламаторно дејство и помага при проблеми со кожата (осип, псоријаза, егзема, акни), ја ублажува забоболката, го забавува периодонтитисот (повлекување на непцата), помага при дигестивни проблеми.

Јаболков оцет

Има силно антиинфламаторно дејство и ги ублажува симптомите на разни воспалителни процеси во организмот, од акни, преку гихт до артритис.


Можеби ќе ве интересира:

Како да ја елиминирате главоболката за 60 секунди? ВЕРУВАЈТЕ- ПОМАГА