Најморничавото видео со робот што ќе ви предизвика страв: Погледнете како се однесува во присуство на луѓе
Развиена од водечкиот британски дизајнер и производител на хуманоидни роботи за забава, Engineered Arts, Ameca е „идното лице на роботиката“.
„Најнапредниот“ робот на светот се однесува токму како човек во неверојатно морничаво видео кое ги шокираше луѓето.
Наречен „Ameca“, високотехнолошкиот комплет ја користи истата технологија како и ChatGPT ботот на OpenAI и може да извршува цела низа задачи, вклучително и покажување на своите импресивни повеќејазични вештини.
Неверојатно е што може да направи
Амека може да покаже такви хиперреалистични изрази на лицето благодарение на 17 различни мотори кои работат во неговата глава. Минатата недела (6 април) на YouTube беше поставен клип што ги прикажува натчовечките преведувачки способности на Амека.
Трепкајќи, Амека вели: „Можам да зборувам германски, англиски, француски, јапонски, кинески и многу повеќе“. Потоа, истражувачот бара од роботот да ја докаже својата јазична флуентност поставувајќи му серија различни прашања.
Некои се воодушевени, некои не
Морничавото видео веќе има повеќе од 211.000 прегледи.
Извор: klik.hr