Најомразен, ама личниот часовник на Хитлер за 1 милион долари го купи...
Иако омразен, Адолф Хитлер беше историски значаен човек.
До денес, сè што е поврзано со него, било да се тоа лични предмети, потпишани писма, па дури и клучеви од тоалетот, добива големо внимание. Неодамна на аукција се појави златен часовник на нацистичкиот водач за неверојатни 4 милиони долари. Златниот рачен часовник на Андреас Хубер бил украден од планинското скривалиште на Хитлер од француски војник по име Роберт Мињо за време на последните недели од Втората светска војна.
Впечатливото парче произведено од швајцарскиот производител на луксузни часовници LeCoultre беше многу интересна креација со иницијали на нацистичкиот лидер, кукестиот крст или свастика и режимски орел. На часовникот има натписи со три датуми од важност за диктаторот. Впишаните датуми го означуваат роденденот на Хитлер, датумот кога бил назначен за канцелар на Германија и датумот кога нацистичката партија победила на изборите во 1933 година.
Бил Панагопулос, претседател на Alexander Historical Auctions, верува дека часовникот можеби бил подарок за германскиот политичар со австриско потекло од нацистичката партија за да го одбележи неговото достигнување. Тој рече:
„Ние не го нудиме ова како знак на почит кон најлошиот човек што некогаш живеел. Наместо тоа, тоа е неверојатно ретка историска реликвија, која длабоко потсетува на еден од најтемните периоди во светската историја, и затоа е особено важна“.
Часовникот сепак е продаден на аукцијата во САД за сума од 1,1 милиони долари. Купувачот е анонимен.
Еврејските лидери ја осудија аукцијата пред почетокот на продажбата во Историската аукциска куќа „Александар“ во Мериленд. Во отворено писмо потпишано од 34 еврејски лидери, аукцијата се осудува како „одвратна“ и се бара нацистичките предмети да бидат повлечени од продажба.
Аукциската куќа, која и во минатото има продавано разни предмети од Нацизмот, вели дека нивна цел е да ја зачуваат историјата. Меѓу предметите кои ги продавала оваа куќа се најдоа и фустани на хитлеровата сопруга Ева Браун.