НАЈТАЖНАТА ПЕСНА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Тито ја забрани!

Неверојатна приказна ја следи песната „Pluća su mi bolna“ или во превод „Белите дробови ми се болни“ која во 1950 година ја напишал Драгиша Недовиќ од Крагуевац кога дознал дека боледува од туберколоза...Многумина сметаат дека ова е најтажната песна снимена некогаш на ју просторите, а своевремено лично Јосип Броз Тито ја забранил, бидејќи многу луѓе заболени од туберколоза, извршиле самоубиство откако ја слушнале.

Животната приказна на Драгиша Недовиќ е навистина неверојатна-роден е во 1916 година а веќе на 20 години ја напишал легендарната песна „Во убавиот стар град Вишеград“ ("U lijepom starom gradu Višegradu"). Во кобната 1941 година со останатите Крагуевчани е изведен на стрелање, но во последен момент, како веќе познат текстописец, го тргнале на страна, и депортирале во Германија, каде поминал четири години во воениот логор во Дормаген.

По завршување на Втората светска војна се враќа во Крагуевац, а во почетокот на 1950 година дознава дека има туберколоза.

Тогаш ја пишува песната „Pluća su mi bolna“ или во превод „Белите дробови ми се болни“, а секој збор од оваа песна погодува директно во срце.

Стиховите на песната гласат вака:

„Pluća su mi bolna, zdravlja više nemam

Jer su sasvim blizu, moji zadnji dani

Živeću još danas, a možda i sutra

A onda zauvek, zbogom moj živote

Nije meni žao, bednoga života

Jer ja sreće nikad, osetio nisam

Samo bol i patnja, gorke suze lio

U životu svome, srećan nisam bio.“

Песната прв ја снимил Заим Имамовиќ, а приказната толку сугестивно влијаела на луѓето, посебно тие заболените од туберколоза, да многумина под влијание на неа кренале рака на себе. Затоа Централниот комитет по инструкции на Тито одлучил да ја забрани оваа песна. И така било се додека десет години подоцна на една прослава не ја порачала Јованка Броз и тогаш за сопругата на Тито ја испеала легендарната Нада Мамула.

Иако се излекувал од туберколоза, Недовиќ во 1959 го фатила друга мака, и почнале неговите проблеми со срцето.

Починал од инфаркт во 1966, ретко кој се сеќава денес, а зад себе оставил огромно богатство од дури 800 песни меѓу кои се и познатите: "Tekla reka Lepenica", "Na Moravi vodenica stara", "Krca, krca, nova kola", "Jutros mi je ruža procvetala", "Smederevo, grade od starina"…