НАЈВАЖНИТЕ ПРЕГЛЕДИ КАЈ МАЖИ КОИ СПАСУВААТ ЖИВОТ: Подобро да се спречи, отколку да се лечи
Ракот на дебелото црево е една од најчестите малигни заболувања и многу почесто ги погодува мажите отколку жените. Една од причините е тоа што мажите се јавуваат на лекар предоцна по симптомите и поретко одат на колоноскопија.
По 50-тата година од животот, треба редовно да одите на колоноскопија, а ако имате случај на рак на дебело црево во семејството на редовни прегледи одете по 30-тата.
Испитување на сексуално преносливи болести
Тестирањето за сексуално преносливи болести е важно, бидејќи тие можат да бидат скриени во телото долго време и да не сте свесни за тоа, па дури може да предизвикаат и предвремена смрт.
СЗО посочува дека сите луѓе на возраст меѓу 16 и 65 години треба да бидат тестирани за ХИВ и хепатитис барем еднаш во животот, и почесто ако имале сексуален однос без заштита.
Редовна контрола на тежината и големината на половината
Иако на повеќето луѓе не им е потребен лекар за да ја видат опасноста, добро е вашиот лекар да го пресмета индексот на телесна маса или БМИ. Од 18,5 до 24,9 се смета за нормално, додека се што било над тоа носи поголем ризик и потреба за почести медицински прегледи.
Ниво на холестерол
Американското здружение за срце советува дека мажите по 20-годишна возраст треба редовно да го проверуваат нивото на холестерол во крвта на секои шест години. Според лекарите, оваа вредност е важен показател за состојбата на крвните садови, како и ризикот од мозочен удар и срцев удар. Мажите многу почесто страдаат од срцеви заболувања, а повеќето од нив успешно се лекуваат доколку бидат забележани на време.
Контрола на крвниот притисок
Како и високиот холестерол, високиот крвен притисок предизвикува трајно оштетување на крвните садови и го скратува животот. После осумнаесетта година, потребно е да се измери крвниот притисок најмалку на секои два месеци, особено ако постои генетска предиспозиција за таа болест.
Со малку покачени вредности на крвниот притисок, потребно е да се намали внесувањето на сол во исхраната и да се намали телесната тежина, додека со повисоки вредности, потребни се и лекови.