Нajжешката моделка Ратајковски за разводот: „Сакав семејство по породувањето...“

Таа вели дека зборувањето за тоа многу ѝ помогнало да го преболи разводот и дека ѝ е драго што била искрена и отворена

Манекенката и модел Емили Ратајковски се разведе од Себастијан Бур МекКлард во 2022 година, а сега зборува зошто никој не треба да биде тажен по разводот и како го преболела.

- Кога ќе размислите колку е табу разводот, треба да кажете: „Не, не е лошо, всушност, можеби е кул“ – вели Емили.

View this post on Instagram

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)


- Дури и самото споделување на моето искуство со разводот беше малку катарзично, но и убаво бидејќи не сакам сите да мислат дека сум совршена личност - признала манекенката.

Иако беше отворена на оваа тема, сепак не сакаше да открие што го предизвикало нејзиниот развод.

Претходно, таа вешто го избегнуваше тој одговор со изјавата дека сака да се фокусира на воспитувањето на нејзиниот син.

View this post on Instagram

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)


Но, само затоа што смета дека разводот не е лоша работа, не се срамеше да признае дека сепак тешко ѝ паднал.

- Штотуку родив дете, многу сакав да имам семејство, ми беше многу тешко да заминам - изјави Емили.

Извор: www.espreso.co.rs