Најзгодната баба на светот: Неодамна доби внуче, а има линија како пред 30 години (ФОТО)
Поранешната сопруга на Ерос Рамазоти неодамна стана баба, а тоа не би можеле да го забележите од нејзиниот изглед
Мишел Хунзикер (46) е првата сопруга на славниот Ерос Рамазоти, со кој ја доби ќерката Аурора. Двојката се венча во 1998-ма година и се разведе по 11 години брак.
Мишел се најде во центарот на вниманието откако проговори за тоа како паднала во канџите на сектата а сега по подолго време е видена во јавноста. Мишел беше фотографирана пред клиниката во Лугано, Швајцарија, каде што се породи нејзината ќерка Аурора Хунзикер Рамацоти.
Вниманието го привлече како најзгодна позната баба, а во близина на породилиштето се појави со пријателка и нејзината мајка, па нема сомнеж дека од мајка си ги наследила убавите гени.
За многумина е неверојатно дека познатата ТВ водителка сè уште има фигура и младешки изглед на кој ѝ позавидуваат помладите девојки. Но, како ја одржува формата? Таа ја откри тајната во неколку интервјуа и неодамна ја објави на својот Инстаграм профил.
Што обично јаде Мишел Хунзикер?
Денот започнува со појадок, парче тост леб со протеински крем или со малку шеќер и маснотии. Што се однесува до главните оброци, таа не се откажува од омилената храна, но е многу дисциплинирана во однос на количината и големината на макронутриенти. Секој ден јаде 125 грама протеини, 140 грама јаглени хидрати и 50 грама масти. Бело наместо црвено месо, риба и јајца, но и сирења со малку маснотии, кои секогаш се добри. Масло само ладно цедено, без пржење. Се зема предвид само лесно готвење на пареа или печење на скара.
Тренинг
Сепак, здравата и урамнотежена исхрана не е доволна за да изгледате како Мишел Хунцикер. Сигурно има доста генетика, но и физичката активност има свои заслуги. Таа вели дека никогаш не стои во место и дека сака да тренира. Сепак, наместо теретана, таа претпочита спортови кои се покомплетни и позабавни!
Се занимавала со скијање, гимнастика, но сака и планинарење, пилатес и е експерт за боречки вештини. Ако нема време за спортување, одвојува половина час за домашен тренинг. Со неколку едноставни вежби има затегнати раце.
Извор: stil.kurir.rs