Намалување на штети: Значењето на овој проект и кои се неговите придобивки?

Концептот за намалување на штети се базира на голем број прагматични јавни политики, регулативи и процедури кои поттикнуваат помалку ризично однесување и ги намалуваат здравствените ризици, преку употреба на побезбедни производи или супстанции, а се користи во јавните здравствени сектори од 1970-тите.Овој концепт не е наменет првенствено за елиминирање на ризичните производи или однесувања, туку за намалување на ризиците кои ќе им овозможат на луѓето да преживеат и да живеат подобар живот.

Пример за тоа е употребата на никотинот во помалку ризични форми (никотинска заменска терапија) со цел да се поттикнат луѓето да се префрлат од цигарите, кои се еден од најризичните начини на консумирање никотин, на докажани подобри алтернативи. Бројните светски експерти, како и научни студии од областа на јавното здравје потврдуваат дека клучната разлика помеѓу постоењето на чад и неговата елиминација преку споменатите производи може да направи вистинска разлика во секојдневната здравствена заштита.

Истражувањата на оваа тема, но и науката докажуваат дека најголемиот виновник за развојот на болести предизвикани од пушењето е чадот од тутунот, а не никотинот како што досега се тврдеше. Спроведените студии говорат дека алтернативните тутунски производи помагаат во промените. Пушачите треба да знаат дека постои и друг начин за да престанат со консумирањето на традиционални цигари, или, пак, барем да ги намалат здравствените ризици на кои се изложени.Истражувањата покажуваат дека и хигиената е една од главните мотивации за луѓето да се префрлат од цигари на алтернативни тутунски производи, бидејќи чадот од тутунот предизвикува непријатен мирис кај корисникот.

Електронските уреди, како IQOS се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чади катран, туку аеросол кој, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички, е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух,. Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава 98 проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки.

Едукацијата во овој сегмент е клучна и неоходна за подобрување на штетните навики кај луѓето кои консумираат традиционални цигари. Токму поради тоа, мора да продолжат постојните напори за обесхрабрување на луѓето од пушење и охрабрување на оние кои прават се да се откажат од цигарите. Но, дополнувањето на овие мерки, со пристапот за намалување на штетите од тутунот може да го забрза намалувањето на пушењето цигари. Ако се направат достапни и подобри алтернативи за пушењето и ако доволно пушачи се префрлат на нив, можеме побрзо да постигнеме значајна пресвртница во глобалното здравје - свет без цигари.

ПР објава