Напиток од три состојки што ги топи мастите: Доволна е една шолја
Откако ќе претерате со храната, најлесниот начин да започнете со чистење на телото е со напиток направен од само три состојки.
Напитокот од ѓумбир и лимон, брз и лесен за подготовка, е одличен избор за чистење на организмот од токсини. Освен што ќе го стимулира метаболизмот, чудотворниот напиток ќе ја подобри и исхраната.
Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото. Освен тоа, помага при надуеност и го забрзува варењето.
Лимонот има диуретично дејство кое го поттикнува ослободувањето на токсините од телото.
За подготовка на овој напиотк потребни ви се следниве намирници:
-3 dl вода на собна температура
-исцеден сок од половина лимон
-1 cm корен од ѓумбир
Начин на подготовка:
Во чаша млака вода додадете исцеден лимон и ситно изрендан ѓумбир. Оставете го напитокот да отстои малку и потоа испијте го.
Чудотворниот напиток може да послужи како детоксикација и подготовка за диета, но и како здрава утринска голтка која ќе ви помогне да го исчистите телото од токсините. По желба можете да го засладите со многу малку мед.
Фото: unsplash
Извор: б92