Направете тест дома со ладна вода и откријте дали имате здраво срце
Доколку сакате да проверите колку вашето срце е здраво, во тоа би можело да ви помогне брз трик со ладна вода. Станува збор за тест кој едноставно можете да го направите дома.
Во сад со ладна вода ставете ги рацете пола минута, а откако ќе ги извадатите прстите би требало да ви бидат црвени, бледи или синкави. Токму таа боја би требало да покаже дали вашето срце е здраво, пишува „The Sun“. Во садот со вода додајте и малку мраз, а големината на садот нека биде толкава колку што ќе ви ги собере двете дланки. Потоа ставете ги дланките во водата и држете ги 30 секунди.
Можни се два резултати:
1. Прстите ви поцрвенија
Тоа е добар знак, бидејќи црвените прсти покажуваат дека веројатно немате проблеми со количината на кислород во крвта, ккао и дека срцето и крвотокот ви се здрави.
2. Прстите ви се бледи или дури синкави
Тоа открива потенцијални проблеми со циркулацијата на крвта во вашето тело и дека е можно количината на кислород во крвта да ви е ниска, пренесува „Kliks“. Во тој случај, по тестот згрејте ги прстите или масирајте ги за да ја подобрите циркулација и за да ја вратите нормалната боја.
Исто така во овој случај не би било лошо да го посетите вашиот лекар и да го прашате за совет.