Бугарија е во преговори со „Тесла“ за потенцијална
инвестиција на американски производител на електрични автомобили во фабрика за
електрични автомобили и батерии, пренесува „Блиц.рс“.
„Имаме две амбиции: првата е производство на автомобили, а втората е производство на батерии за електрични автомобили“, рече Емил Караниколов, министер за економија на Бугарија, во интервју минатата недела.
Караниколов додаде дека Бугарија е подготвена да започне со производство на автомобилски делови за „Тесла“, но фабриката за автомобили или батеријата за електрични автомобили би била многу подобра опција. Бугарија, исто така, се надева дека ќе привлече инвестиции од јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor Company.