„Наскоро ќе умрам, мојот крај е близу“: Мајк Тајсон виде загрижувачка работа во огледалото и сега чека да се случи најлошото
Животната приказна на Мајк Тајсон е полна со тажни детали.
Еден од најдобрите боксери во историјата, Мајк Тајсон, имаше неславно враќање во рингот и беше поразен од Јутјуберот Џејк Пол во последниот меч. Овој пат, младоста го победи искуството.
Поранешниот шампион во тешка категорија помина низ големи подеми и падови во животот, беше во затвор за силување во 90-тите, користеше дрога, кокаин, метадон, беше алкохоличар... Изгледа дека Мајк е свесен дека се ближи крајот на неговата кариера, а пред две години откри дека чувствува дека му се ближи крајот на животот.
„Сите ќе умреме еден ден, секако дека ќе се случи. Кога го гледам моето лице во огледало, сè почесто гледам дамки што ги немало порано. Си велам дека сум при крај, дека наскоро ќе умрам“, изјави Тајсон на начин што ги загрижи сите негови следачи.
Еден од најпознатите боксери во историјата на спортот е познат и како Ајрон Мајк, а под менталната сила што успеал да ја собере зад себе се крие вознемирувачка и болна приказна што некогаш ја споделил.
Во неговите 5З години, тој доживеа многу трагедии: неговиот татко ги остави мајка му, братот Родни, сестрата Дениз и него кога беше момче, а кога имаше 16 години почина мајка му, а набргу потоа и сестрата.
Се вмешал во лошо друштво, а до 13-годишна возраст 38 пати бил апсен за ситни прекршоци и кражби. Потоа требаше да одлучи во кој правец ќе го одведе животот и го избра спортот, имено – боксот. Неговата кариера брзо напредуваше, а неговиот живот тргна по неочекуван пат, меѓутоа, дури и како возрасен на Мајк не му беше секогаш лесно, бидејќи во 2009 година ја загуби својата четиригодишна ќерка Егзодус, која почина додека си играше во паркот.
Пред пет години Мајк ја раскажа својата болна животна приказна во подкастот на Џереми Шап, каде зборуваше и за траумата што долго време ја криел од сите: признал дека бил жртва на силување, кое го доживеал како тинејџер.
– Бев момче. Тој беше постар човек. Ме тепаше и сексуално ме злоставуваше. Никогаш повеќе не го видов после тоа. Со текот на времето сфатив дека тоа не значи дека сум помалку маж затоа што тоа ми се случи“, рекол Мајк, а потоа истакнал дека никогаш никому не кажал за тоа.