Не бидете наивни: Не си ја откривајте душата пред сите
дна млада, убава девојка отишла кај еден мудрец, целата облеана со солзи.
- Што да правам? - го прашала со солзи - секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, да не повредувам никого, помагам со што можам. Но често, наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури и некои луѓе се отворено непријателски настроени кон мене. За ништо не сум виновна а толку нефер и навреди добивам! Посоветувајте ме што да правам!
Мудрецот ја погледнал со насмевка и ѝ ирекол:
-Соблечи ја облеката и одете во градот така!
- Ти си луд ?!
- Еве гледаш, ли! - мудрецот се насмевнал повторно. - За да го покажеш голото тело на луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш во светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој кој сака, влегува во твојот живот и ги гледа твоите достоинства како одраз на сопствените пороци. Така тој почнува да се обидува да те навреди, клевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него.
Погледни ги овие убави цвеќиња! Се грижев за нив многу години и ги наводнував, но никогаш не ги видев нивните пупки, иако уживам во убавината и аромата на секој од нив. Биди како цвет - откривај го своето срце пред луѓето полека и незабележливо.
Погледни кој е достоен да ти биде пријател и да правиш добро за него. Девојко, не фрлај ги твоите бисери пред свињите!