Не е Неверленд ама...Синот на Мајкл Џексон покажа во каква куќа живее
Иако се пишува дека Неврленд, комплексот во кој живееше легендата Мајкл Џексон конечно се продаде за 22 милиони долари, неговиот син нема гајле.
Бленкет Џексон повеќе не е дете затоа што сега има 18 години ...
Најмладиот син на славниот крал на поп музиката неодамна наполни 18 години и ја прослави својата возраст, а во оваа пригода, ова младо момче реши да се почести со прекрасна палата во Калабас, Калифорнија. Откако наследи богатство од својот татко, младиот Џексон си купи куќа од 2,62 милиони долари што доаѓа со огромна квадратура, убаво уредни простории, двор и градина што создаваат неверојатна рајска оаза.
Во куќата има базени, сауна и спортска сала и две масивни гаражи кои обезбедуваат паркинг за скапи автомобили. Бленкет се пофали со својот нов дом и го покажа пред јавноста.
Мајкл Џексон почина во 2009 година, но сепак е една од најпопуларните музички икони и sвезди. Тој е еден од ретките кој сè уште заработува милиони иако е мртов, што само покажува дека бил сакан и популарен.
Бленкет вели дека неговиот татко многу му недостасува и многу му фали, но дека тој бил во можност да прерасне во маж со кој Мајкл би се гордеел.