Не е прв пат на истото место: Загина маж откако го удрил воз во Кисела вода


Маж на возраст од 31 година на 17 септември, 2019 година загина откако во него удрил воз на пругата кај булеварот „Србија“. Возот се движел на релацијата Битола-Скопје.

„На 17.09.2019 околу 22.00 часот на железничка пруга, пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешакот Н.М.(31) од Скопје, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. 

Скоро истиот исход на скоро истото место вчера. 

На железничката пруга кај булеварот „Србија”, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години.

Од ударот, тој починал на местото на несреќата, потврдија утрово за МИА од Итната медицинска помош во Скопје.

И Според соопштението за несреќата испратено од Министерството за внатрешни работи (МВР), мажот починал на самото место, а смртта ја констатирал од лекар од Итната медицинска помош.

Случајот во СВР Скопје бил пријавен вчера во 20:20 часот, a полициска увидна екипа извршила увид на местото на несреќата. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.