Не ја држи место: Памела Андерсон се омажи по петти пат

Бомбастичната секси актерка беше актуелна во 90-те, но не намали со својата појава и денес. Памела Андерсон, ѕвездата на серијата Чувари на плажата и Плејбој зајачица иако вели дека ги извадила силиконите на градите по кои беше препознатлива, тоа воопшто не значи дека не е атрактивна за мажите и во петата деценија од животот. 

Па така и по петти пат го изговори судбоносното „да“. Таблоидот „Пејџ сикс“ објави дека 53-годишната актерка тајно се омажила со својот телохранител Дан Хејхурст, и тоа на Бадник. Двојката се венчала во нејзиниот дом на островот Ванкувер.

„Се омажив на имотот што го купив од баба и дедо пред 25 години. Токму тука се венчаа моите родители и се’ уште се заедно”, изјави таа за „Дејли мејл“.

View this post on Instagram

A post shared by Pamela Anderson (@pamelaanderson)