Не, не е фатаморгана во пустина: Саудиска Арабија го гради најубавиот аеродром на светот
Фатаморганата по дефиниција е оптичка илузија создадена од атмосферски услови, особено појава на водна површина во пустина или на топол пат, што е предизвикана од рефракција на светлината со помош на топол воздух ...
Сепак, ние наидовме на фатаморгана направена од човек. Тоа е нова креација потпишана од Фостер + Партнерс, што претставува нов аеродром во Саудиска Арабија. Слетувањето на овој аеродром дефинитивно ќе биде настан што ќе се памети.
Неколку објавени нешта на прекрасниот нов меѓународен аеродром ни покажуваат чист луксуз. Според најавите, градежниот проект треба да заврши во 2023 година, а како што планираат надлежните, низ него ќе поминат еден милион патници годишно.
Слободно можеме да кажеме сега дека ова ќе биде еден од најубавите аеродроми во светот, со терминална зграда и кула, простран двор и прекрасен ентериер, кој ќе содржи ултра луксузен дух на гостопримство.
Како што велат од брендот ресорт Амала: „Структурата е инспирирана од неговата околина, која како резултат понуди уникатно чудо“.
На крајот, можеме да заклучиме дека овој проект ќе изгледа како чудо на природата, создадено од човечки раце.
Можеби ќе ве интересира и Македонија има 7 аеродроми: Пистата на Охридскиот е поголема од Скопскиот аеродром