Не нè лажете: Копии на оригинални парфеми може да се препознаат
На нашиот
пазар има сè повеќе примероци од парфеми кои се продаваат како оригинални парфеми. Што е
уште пострашно, ве убедуваат дека се оригинали, а ги набавиле по мнооогу евтина
цена, а ги продаваат мноогу скапо. Се проприсутни се нелегални канали кои снабдуваат парфимерии
или локални бутици со вакви копии.
Затоа не се чудете кога ќе купите парфем во странство и истиот овде, а не мирисаат исто и ја немаат истата трајност.
Никој не сака да биде измамен за своите пари. И зошто да им плаќаме кога не ни го даваат токму она вистинското за кое сакаме да платиме поголема сума на пари.
За да не станете плен на таква измама, ви нудиме четири корисни совети кои ќе ви помогнат да го идентификувате оригиналниот парфем, односно копија на парфемот...
1. Проверете го пакувањето
Доколку парфемот е во целофан, оригиналниот парфем ќе биде различен од копијата на парфемот по тоа што оригиналните парфеми се спакувани во транспарентен, не изгужван, високо квалитетен целофан, кој цврсто стои околу кутијата на парфемот.
Ако парфемот не е во целофан - сè уште не мора да значи ништо, бидејќи многу продавачи го отстрануваат целофанот од парфемот пред да го продадат. Во тој случај, проверете дали елементите од кутијата на парфемот се совпаѓаат со елементите на кутиите на други парфеми од иста линија, или уште подобро, најдете ги од амбалажата на специфичниот парфем на Интернет и споредете. Ако видите значителна разлика (без оглед дали вашиот парфем содржи елементи што недостасуваат од оригиналниот парфем, или ги имаат истите елементи, но се слабо отпечатени, или има разлики во фонтот на текстот на кутијата ...), веројатно имате копија на парфемот во ваши раце.
Пакувањето- кутијата на оригиналните парфеми има остри рабови и е изработена од картон со највисок квалитет. Ако вашиот парфем е во кутија со слаб квалитет, во која шишето има многу простор, тоа е веројатно копија на парфемот. Најлошите копии на парфемот имаат и грешки во текст - без разлика дали се граматички грешки во описот, составот или слично, или промашувања во името на парфемот
2. Испитајте го шишето со парфемот
Шишињата со оригинални парфеми се изработени од високо квалитетно стакло, обично со многу мали детали кои се уникатни за одреден креатор или линија на парфеми. Ако шишето од вашиот парфем има видливи несовршености, тоа е речиси сигурно копија на парфемот. Исто така, побарајте ги карактеристичните ознаки што ги носи одредена линија на парфемот - ако недостасуваат, тоа е исто така копија.
3. Проверете го изгледот на самиот парфем и течноста во шишето
Во оригиналните парфеми, течноста е кристално чиста. Во него нема никакви ситни нечистотии или талог. Ако видите и малку заматена течност или нешто во течноста, дефинитивно гледате во копија на парфемот.
Оригиналните парфеми имаат многу сложени, трослојни мирисни ноти. Повеќето копии на парфеми ја немаат оваа сложеност во мирис. Некои примероци мирисаат слично на оригиналите, но во мирисот се чувствува едноставноста на мирисните ноти. Сепак, некои мирисаат сосема поинаку од оригиналниот парфем што го претставуваат.
4. Побарајте сериски број на парфемите
Овој метод е помалку сигурен од претходните три, бидејќи производителите на копии од парфеми се трудат да копираат елементи од оригиналниот парфем, а серискиот број е најлесен за копирање. Сите оригинални парфеми носат сериски број некаде на пакувањето.
Местата на овие броеви варираат од производител до производител, но самите производители често пати менуваат места на сериски броеви за борба против копираните парфеми.
Побарајте го бројот од три, четири, пет цифри што обично се наоѓаат на дното на шишето на парфемот, обично втиснат на самото шише, отпечатено на стаклото или залепено на дното на шишето. Кога ќе го пронајдете овој број, споредете го со бројот отпечатен на пакувањето на парфемот. На пакувањето, серискиот број обично се наоѓа веднаш до бар-кодот. Серискиот број на шишето МОРА да биде ист како оној на кутијата- пакувањето. Ако овие бројки не одговараат - тоа е копија на парфемот!
Исто така, ако не можете да го пронајдете серискиот број на самото парфемско шише - најверојатно е копија, иако бидете внимателни во донесувањето на овој заклучок, постои шанса тој број да е на шишето, но вие едноставно не можете да го видите.
Небојша Толески