НЕ ПЛАЌАЈТЕ МАЈСТОР: Трикови за чистење на клима во неколку едноставни чекори!

Со зголемувањето на температурите, клима-уредите стануваат неопходни во секое домаќинство.
Меѓутоа, за да функционираат правилно и да обезбедуваат чист и свеж воздух, потребно е редовно одржување и чистење. Експертите препорачуваат барем еднаш годишно да се направи темелно чистење, а дел од постапките можат да се изведат и дома.
Првиот чекор пред било какво чистење е исклучување на клима-уредот од напојување, заради безбедност. Потоа, внимателно се отвара предниот капак на внатрешната единица и се вадат филтрите за воздух. Тие се мијат со млака вода и благ сапун, а пред повторно монтирање мора целосно да се исушат.
Испарувачот на внатрешната единица се чисти со специјални спрејови за клима-уреди, кои се нанесуваат на површината и се оставаат да делуваат според упатството на производителот. По тоа, уредот може да се вклучи во режим „fan“ за сушење.
Надворешната единица бара чистење на решетките од прашина, лисја и насобрана нечистотија. Со четка или правосмукалка се отстрануваат остатоците, а доколку има пристап, може внимателно да се исплакне со црево, без да се оштети електрониката.
Посебно внимание треба да се обрне и на дренажата, односно цревото за одвод на кондензација. Доколку е запушено, потребно е да се исчисти со млака вода или компримиран воздух за да се спречи протекување.
Иако овие чекори можат да го продолжат векот на климата и да го подобрат квалитетот на воздухот, експертите советуваат барем еднаш годишно да се ангажира професионален сервис за длабинско чистење и дезинфекција. Така се обезбедува правилна работа и се намалува ризикот од ширење на бактерии и алергени.
РММ