Не се украс: Еве зошто служат црните точки на шофершајбната
Веројатно сте ги гледале црните точки на работ на шофершајбната, но не сте знаеле за што служат. Тие не фаќаат сигнали на антени и ја немаат декоративната функција за која некои мислат, и имаат свое име - фрит.
Уште во 1950 година, производителите на автомобили, наместо поддршка од метал, почнаа да користат цврсто лепило што ќе го задржи прозорецот стабилен. Иако таквото лепило беше многу побезбедна опција, не беше естетски привлечно.
Така, тие започнаа да користат црни точки, кои се всушност црна керамичка боја што го држи прозорецот во место и го прикрива лепилото. Бојата е запечатена и во стаклото, што ја прави неуништлива.
Особено, точките се таму за да се направи естетска, пријатна за окотранзиција од густи црни точки во проѕирност на стаклото. Покрај тоа, црните точки служат како дополнителна заштита од сончевите зраци додека возите.
Нивната трета функција е контрола на температурата. За да може шофершајбната да изгледа свиткана, стаклото кое има црна боја се загрева побрзо од остатокот на прозорецот.
Затоа, точките се таму за да ја дистрибуираат топлината рамномерно, што спречува да се искриви и пукне шофершајбната.