„Нема да зборуваат с*ања за мене“: Јокиќ направи шоу и ја прекина прес- конференцијата
Во еден момент од прес-конференцијата на која беше Никола Јокиќ почна да звони мелодија на нечиј телефон.
Никола Јокиќ промаши кош за победа на Денвер, беше нервозен на мечот против Феникс, а потоа направи шоу на прес-конференцијата. Во еден момент почна да игра пред медиумите, кога во салата заѕвони нечиј телефон. Во таа прилика направи мала пауза пред да го продолжи разговорот.
Тој доби прашање за двајца млади играчи, Пејтон Вотсон и Кристијан Браун. „Одлични се во одбрана, Пејтон е“, почна да одговара Никола на едно прашање кога заѕвони нечиј телефон. Застана, почна да танцува и да се смее, а потоа покажа со прст кон таа личност како потврда дека му се допаѓа мелодијата.
Потоа беше прашан за пофалбите од Леброн Џејмс и Кевин Дурент.
„Секако дека тоа значи. Мора да кажат нешто убаво, нема да зборуваат срања за мене. Се шегувам, секако дека ми значи, тие се уште се лицата на НБА, имаат одлични бројки, прават разлика во игрите, победуваат, имаат големо влијание, секако тоа значи“. Деталот со реакцијата на Никола погледнете го на видеото подолу (околу 4-та минута)
Nikola Jokic on Jusuf Nurkic: "He can defend really well. He's a big guy who can in some situations switch 1-5. Monster on the glass. He's a great fit for them and he's embracing his role." pic.twitter.com/t2IMReAbdN
МОНДО