Необичен облакодер ја менува панорамата на Њујорк

Турскиот дизајнер Хајри Атак од Архитектонското дизајнерско студио претстави неверојатен концепт на облакодер што потенцијално може да ја промени панорамата на Њујорк…

Засега, силуетата на овој град нема ништо слично како овој прекрасен концепт на облакодер, додека турското архитектонско студио ја опишува како „аморфна“ структура, која има „транспарентен изглед во панорамата на градот“. Структурата изгледа органски, како да е направена од глина или пластелин. 

Дизајнот е инспириран од биолошки концепти, како што се анатомијата и клетките, што го прави лесно да се истакнува меѓу многу други правоаголни градби.

Оваа компанија е позната по структурите кои често ја напуштаат зоната на удобност, а претходно создадоа нешто слично за Дубаи. Студиото, познато по своите прекрасни облакодери и трансформацијата на градовите, призна дека ако се изгради овој облакодер, бројката што би била потребна за тоа би имала голем број нули.

Проектот е во фаза на идеја, но по потрошени неколку милијарди долари, се чини дека дефинитивно ќе се исплати за неговиот сопственик.