Неверојатна понуда во продавниците на Xiaomi
Празничната еуфорија веќе тропна на вратата, а овој ноември ќе имате можност порано да обезбедите неверојатни подароци за вашите најблиски бидејќи продавницата Xiaomi во Скопје слави роденден! За таа прилика е подготвена неверојатна понуда на која тешко дека ќе можете да и одолеете.
Имено, во периодот од 23 до 27 ноември во продавницата на Xiaomi во Скопје, која се наоѓа на локацијата ГТЦ Приземје, ќе имате можност да ги купите следните мобилни телефони и да ги добиете некои од најпопуларните уреди од екосистемот на Xiaomi . Оваа промоција можете да ја искористите и во Ми зона во Веро Џамбо.
Доколку се одлучите за моделот Xiaomi 12 Pro, верзија 12/256 GB, кој ќе чини 68.980 денари во текот на роденденската недела, ќе го добиете Xiaomi Smart Air Purifier 4 EU. Овој паметен телефон од водечките серии на Xiaomi се одликува со извонреден дизајн, стапка на освежување од 120 Hz и сензор Sony IMX707 од 1/28'' и тројна главна камера од 50 MP што ќе ве воодушеви. Дополнително, нема да морате да се грижите за батеријата бидејќи има поддршка за HyperCharge од 120 W, што значи дека батеријата од 4600 mAh ќе се наполни за само 18 минути користејќи Boost режим. На неа можете да ја инсталирате и апликацијата Mi home, која ќе ви помогне далечинско да контролирате други паметни уреди, пред се горенаведениот прочистувач, кој секогаш ќе го одржува воздухот во вашиот дом чист благодарение на системот за тројна филтрација. Имено, Xiaomi Smart Air Purifier 4 EU овозможува 99,97% филтрирање на честички од 0,3 mm, односно ги елиминира честичките од загадувањето, алергени, влакна од домашни миленици, прашина, полен, чад и испарувања создадени при готвењето од воздухот. Има и CADR (стапка на испорака на чист воздух) до 360 m2/h[1], што резултира со 6000l чист воздух во минута.[2]
Промотивната понуда важи и за моделот Xiaomi 12X, верзија 8/128 GB, со чие купување ќе го добиете и гореспоменатиот прочистувач. Овој мобилен телефон чија цена во овој период ќе изнесува 29.999 денари, има главна камера од 50 MP, турбо полнење од 67 W, а како и Xiaomi 12 Pro има и Snapdragon 8 Gen 1 процесор.
Исто така, периодов ги очекува изненадување сите корисници кои ќе се одлучат да купат еден од најпопуларните смартфони – Redmi 10 C, верзија 4/64 GB. Имено, тие ќе можат да го купат по цена од 9.999 денари, а со него ќе добијат и Redmi Watch 2 Lite - во сина или слонова коска. Оваа понуда е идеална за љубителите на фитнес, бидејќи со овој паметен часовник ќе имаат можност да се погрижат за својот тренинг бидејќи има преку 100 спортски режими, како и сите обврски кои ги имаат во текот на денот.
Xiaomi е бренд кој се труди на своите корисници секогаш да им ги нуди најиновативните производи, за технологијата да биде достапна за секого, а не пропуштајте специјални понуди по повод роденденот на продавницата Xiaomi во периодот од 23 до 27 ноември. и израдувајте ги вашите најблиски, но и себеси.
***
За Xiaomi:
Xiaomi Corporation е основана во април 2010 година и котирана на главната листа на берзата во Хонг Конг на 9 јули 2018 година (1810.HK). Xiaomi е технолошка компанија со фокус на паметни телефони и уреди поврзани на платформата Интернет на нештата (IoT).
Со визијата „Дружете се со корисниците и бидете најдобра компанија за корисниците“, Xiaomi постојано се стреми кон иновации, супериорно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата континуирано работи на висококвалитетни производи по одлични цени за да им овозможи на сите во светот да имаат подобар живот користејќи иновативни технологии.
Xiaomi е еден од водечките светски производители на паметни телефони. Исто така, компанијата ја создаде најголемата глобална платформа AIoT (AI+IoT), со повеќе од 478 милиони поврзани паметни уреди (со исклучок на паметни телефони, лаптопи и таблети). Од 31 март 2022 година, производите на Xiaomi се достапни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2022 година, Xiaomi беше вклучен во листата на Fortune Global 500 четврта година по ред, рангирајќи се на 266-то место.
Xiaomi е составен дел на индексот Hang Seng, индексот на претпријатијата во Кина, Hang Seng TECH и индексот Hang Seng China 50.
За повеќе информации за Xiaomi, посетете ја https://www.mi.com/global/discover/newsroom.
[1] 360 m³/h CADR честички: Податоци од кинескиот институт за тестирање и инспекција на електрични апарати за домаќинство. Тестирано врз основа на стандардот GB/T 18801-2015. Извештај бр. VCk-21-50641.
[2] 6000L прочистен воздух во минута: Се однесува на излезот на чист воздух кога производот работи со максимална моќност. Пресметано врз основа на PM CADR на Xiaomi Air Purifier 4 Lite.
ПР објава