Неверојатно: Најскапата овца во светот, од јагне до кралица (ВИДЕО)
На аукција во Шкотска за една овца е платено 490 илјади долари.
Овцата наречена Двоен дијамант беше продадена за близу 500 илјади долари, што ја прави најскапата овца во светот.
Токму овој вид на овца е особено ценета во шкотскиот град Ланарк, пишува Си-Ен-Ен.
Првично биле понудени околу 13 илјади долари, за трите фарми да се договорат да го споделат вредното јагне меѓу себе. Во смисла дека тие ќе ги користат за репродукција.
„Тоа е како и секој друг бизнис - трка со коњи или работа со стока“, изјави џеф Аикен за Гардијан, еден од новите сопственици на овци.
„Вчера се појави многу посебен вид на тексел овца“,изјави тој и додаде: „Секој сакаше дел од неа“.
„Double Diamond“ го сруши претходниот рекорд поставен во 2009 година, кога овците беа продадени за нешто повеќе од 307 илјади долари.
Видео: Universal Information & Entertainment TV
Можеби ќе ве интересира:
Најскапата мачка во светот: Дива, ама питома