„Ни отиде Ноле во манекени“: Ѓоковиќ позираше како шеик, па ги урна рекордите на Инстаграм ФОТО

„Ноле отиде во манекени“, коментираа на Инстаграм профилот на светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ откако објави фотографии од Саудиска Арабија каде што престојува на тениски турнир. Облечен во традиционална носија, односно како шеик, се „заканува“ да го собори рекордот на популарната социјална мрежа.


Во прилог на соборувањето на рекордот говори и податокот дека серија од неговите слики добиле повеќе од 28.000 лајкови за половина час.


Вака Новак Ѓоковиќ изгледа како шеик. Во низа слики можете да го видите и во поинакво издание, спортската елеганција што му е најблиску лично кога е модата во прашање.

Сликите се направни во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија и ги воодушевија обожавателите на Ноле ширум светот, па коментарите гласеа: „Крал на кралевите“, „Во биографијата треба да додаде манекенство“, „Ера на инфлуенсери почнува“, „шеик Ѓоковиќ“.


Новак досега имаше бројни навлегувања во светот на модата, а доста добро му оди и во светот на манекенството. Роден за се, велат некои, а чудото од тенисер се уште не кажал се на самиот терен.


Што друго ќе прави и во што ќе постигне успех , покрај тенисот... па, списокот на опции е доста долг. Ноле е одличен и во глума, пеење, свирење на повеќе инструменти, предавање, додека низ кариерата се покажа како одличен мотивациски говорник. Одличниот тенисер отсекогаш комбинирал неколку свои вештини, се памети колку брилијантно имитирал други тенисери, често неговите изјави се повеќе од обраќање до јавноста и сечење натпревари, тој секогаш е подготвен да понуди нешто повеќе. Како вистинска легенда!


ФОТО: Инстаграм