Никогаш досега не зборувал вака! Еве како Надал го опиша ривалството со Новак Ѓоковиќ: Во животот има поважни работи од тенисот
Најдобриот шпански тенисер во историјата Рафаел Надал за „ДАЗН“ проговори за големото ривалство со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
Славниот Шпанец ќе игра на егзибиција во Саудиска Арабија и тоа ќе биде едно од последните настапи пред и официјално да ја заврши својата блескава кариера.
Да потсетиме, Надал неодамна објави дека ќе стави крај на професионалната кариера по завршниот турнир во Дејвис купот кој е закажан за ноември во Шпанија.
Големата тројка е термин кој се однесува на дводецениската доминација и ривалство на Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал, кои зад себе оставија дури 150 незаборавни дуели.
Надал со Новак одигра дури 60 меча (Ноле победи 31, а Рафа 29), додека со Федерер имаше 40 меча и 24 пати излезе како победник.
„Односот со Роџер Федерер беше посебен, но имам добар однос и со Новак. Мислам дека тоа е начинот на кој му пристапуваме на спортот. Тоа е можно бидејќи, како што реков претходно, сфаќаме дека тоа е сè што добиваме. Имаме многу во животот поважни работи надвор од тенисот. На крајот на денот, ако имате добар однос со вашите колеги или со луѓето воопшто, ќе бидете посреќни, без сомнение, според моето искуство, бидете среќни. Тенисот е само игра, а односите се над тоа.
Во Саудиска Арабија, Новак и Рафа се на спротивните страни на ждрепката, но постои можност уште еднаш да се натпреваруваат.
Сепак, Рафа не ја посакува таа средба.
„Па, сме играле многу пати, не мора повторно“, рече Надал низ насмевка и додаде:
„Но, тоа отсекогаш бил голем предизвик и големо ривалство. Тој е играч кој секогаш ме туркаше на највисоко ниво, кон границите. Мислам дека го имаме истото чувство еден за друг. Роџер и јас се туркавме еден со друг кон следното ниво, затоа што противникот секогаш беше многу силен и мораме постојано да се подобруваме и усовршуваме, за да можеме да продолжиме да се натпреваруваме на нивото на кое сакаме“.
Фото: ИнсатграмИзвор: Pink.rs