НИКОЈ НЕ САКАЛ ДА ИНВЕСТИРА ВО ЃОКОВИЌ: Со болни почетоци до самиот врв
Новак Џоковиќ синоќа по петти пат се прогласи како победник на најстариот и најпрестижниот тениски турнир на светот Вимбалдон.
Светските медиуми го претставуваат како спортско чудо, најмногу поради фактот што доаѓа од како што велат, мала, сиромашна земја која не вложува многу во спортски таленти.
И додека сите ги коментираат и се фасцинираат на неговите успеси денес, често забораават да се инспирираат од неговиот тежок кариерен почеток.
„Иако на само 14 години бил најдобар јуниор во светот, никој во Србија не сакал да вложи во неговата кариера. Тоа најдобро се гледа и од следното видео, каде Новак заедно со својот татко јавно бараат бизнис партнер кој ќе вложи во неговата кариера, а подоцна по договор ќе добива процент од неговата заработка“, пишува спортски.мк.
Иако никој не верувал во него, сепак Ѓоковиќ успеа да стане тенисер со најголема заработка во историјата на АТП ерата од тениски турнири, а неговите спонзорски договори се мулти-милионски.