Николиќ: Им ја посветувам оваа победа на сите кои дадоа поддршка

Голема победа на МЗТ Скопје  против уште поголемиот фаворит Цедевита Олимпија  79:74.

Има надеж за МЗТ Скопје, има, и тоа каква, по одличната претстава, и уште поважната победа над фаворит каков што несомнено е Цедевита Олимпија, која ја враќа надежта кај „сино-белите“, дека може да дојдат до она што се нарекува опстанок во АБА конкуренцијата.

Тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ вели дека со оваа победа ќе значи зголемување  на самодовербата кај неговите играчи.

„Ја заслуживме победата, а и порано, знаете на кој натпревар алудирам, но тогаш немавме среќа.  Победивме силен ривал, многу ја ценам работата што ја направи колегата Големац. Секогаш ги посветувам победите на некого, па оваа победа им ја посветувам на сите оние кои ми дадоа поддршка од првиот ден кога дојдов во клубот“ – рече Николиќ по мечот со Цедевита Олимпија.