Норвешка загуби од Данска, кошаркарите имаат „послесна“ задача в недела

Александар Јончевски и неговиот оизбран тим не успеаја во обидите да ја продолжат серијата на победи реализирана во првите два ФИБА „прозорци“.

Вечерва, на гостувањето во Левице, Словачка беше подобар ривал. Победи со (82:73), што го означи и првиот пораз на нашите сениори во овој втор круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025.

„На крајот на натпреварот, некако се се сведе на оној момент , кога при негатива од седум не успеавме да ја намалиме на потребните четири. Секако, многу порано го испуштивме чекорот со кој требаше да одиме кон успех, многу порано, на крајот на втора и цела трета четвртина“- вели селекторот по првата загуба во претквалификациите.

Јончевски смета дека не го отворивме мечот во Левице како што треба, но и покрај тоа, дојдовме до предност во средишниот дел на првото полувреме.

„Факт е дека лошо го отворивме натпреварот, но и тоа дека некако се вративме во игра, и да поведеме. Меѓутоа од една непромислена, намерна лична грешка, во еден посед примивме дури шест поени, доволно Словачка да го врати водството. Во третата четвртина, не игравме така лошо, креиравме и имавме пет-шест отворени шутеви, но не ги искористивме, а Словачка нè казни преку расположениот Крајчовиќ, потоа и Бродзијански.

Во последната четвртина, пробавме да смениме нешто во одбраната, да играме со ‘преземање’, и успеавме таа негатива да ја намалиме на едноцифрена. Но неколку одлуки, очигледни прекршоци, влијаеа на нашата концентрација. Со неуедначен критериум при досудување на личните грешки, во кој на наши реакции добивме две технички грешки, на клупа и на тренер, Словаците повторно ја преземаа контролата и успеаја да го одбранат тој наш последен обид да стигнеме. Останува да анализираме, онака, што се вели со ладни глави, и да одиме понатаму, кон Осло. Се заедно гледано, овде во Левице, имавме свои шанси кои не успеавме да ги реализираме“- дополни Јончевски по 40 одиграни минути во Левице.

Неуспехот во Левице е нешто полесенo поприфатлив, ако се земе в предвид дека во меѓувреме стигнаа малку добри вести од Нествед, а ги носи победата на Данска на свој терен во скандинавската премсетка со Норвешка (69:57).

Овој пораз за Норвешка, кој е нашиот последен противник во овој цикус, значи и простување со шансите, и трката за првото место на табелата во групата „Д“.

Затоа што пред одигрување на последниот круг од натпреварите, во недела, ситуацијата е нешто појасна. Вели дека било каков триумф на македониај над веќе отпишаната Норвешка, нè остава на првото место на табелата и носи директен пласман во квалификациите, дури и во случај Словачка да биде подобра од Данска во вториот натпревар, кој се игра на 26. февруари.

Друга добра работа е што дуелот во кој ќе се сретнат Данска и Словачка ќе се игра од 15.30 часот, исто така во Нествед, за разлика од вториот, за нас и најважниот, во Осло, кој стартува нешто подоцна, од 18.часот.

Односно кога сениорите ќе знаат „на што се“, и дали сами ќе одлучуваат за својата судбина, односно пласманот во следната фаза – квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025.

Вечерва, Данска одигра за својата чест, стигна до првиот триумф во групата „Д“, и не би било лошо да го продолжат ова со уште еден успех, против Словачка.

Не би имале ништо прогтив, иако како што и самиот селектото на нашата репрезентација Александар Јончевски вели, се имаме во своите раце пред крајт на овие претквалификации.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025

ГРУПА „Д“

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Словачка – МАКЕДОНИЈА  82:73

Данска – Норвешка  69:61

ТАБЕЛА

1.МАКЕДОНИЈА  5  4  1  357:334  9

2.Словачка  5  3  2  367:365  8

3.Норвешка 5  2  3  339:330  7

4.Данска  5  1  4  355:381  6 

ИДНО КОЛО (26.ФЕВРУАРИ)

15.30: Данска - Словачка

18.00: Норвешка – МАКЕДОНИЈА