Нов фитнес центар во East gate mall - „Палестра“ го враќа духот на вистинскиот фитнес во градот!
Веројатно и не постои подобра мотивациона квота од онаа дека „Телото е единственото нешто што треба да го чуваме, бидејќи ќе живееме во него до крајот на животот“!...
Вака некако сакаме да ја започнеме приказната за новиот фитнес клуб во градот „Палестра“, што сакаме да го доживеете како нешто многу повеќе од место каде ќе вежбате редовно, како место каде што ќе се чувстувате како да ја имате сета моќ во светот.
На површина од над 1.000 м2, „Палестра“ ќе биде новото омилено место во градот на сите вљубеници во фитнесот. Поставен на совршена локација во новоотворениот трговски центар Ист Гејт Мол, со сопствена тераса со магичен поглед, фитнес центарот „Палестра“ ќе ви овозможи уживање во сите бенефиции што ги нудат новитетите во фитнес светот.
Токму во овој фитнес клуб, со одлична локација во градот, ќе се обидеме заедно да ги раскажеме личните приказни за она што вие сметате дека е добро за вашето тело, за потоа, нашите професионалнци да го насочат патот по кој ќе се усовршите во грижата за себе.
Целосно опремен со модели од најновата палета на светскиот бренд за машини „Техноџим“, за прв пат во Македонија обожавателите на фитнесот ќе имаат можност целосно да ги искусат сите придобивки од вежбањето на кардио машините. Токму тие, ќе бидат сместени во една заедничка соба наречена „Скилбокс соба“, во која професионалците, акцент ќе им дадат на кардио вежбите како исклучително значајни во целиот процес на создавање совршено здраво тело.
Она што ние можеме да ви го ветиме, е тоа дека токму тука, ќе имате можност да го создадете телото и умот од соништата, благодарение на вистинските професионалци кои ќе бидат и повеќе од среќни да ви помогнат, во место кое ги исполнува сите светски фитнес стандарди.
Во рамки на активностите на фитнес клубот, ќе бидат организирани и најразлични промотивни активности за сите оние кои сериозно сакаат да се посветат на себе, а ќе има и најразлични програми и тренинзи, за буквално секој да може да се насочи кон своето поле на интересирање.
Подеднакво важно внимание во фитнес клубот ќе се посветува и на соодветната исхрана која е од исклучително значење кога е грижата за себе во прашање, па токму во Палестра, ќе ги најдете сите одговори на прашањата за вистински баланс во животот.
Не постои месец во кој грижата за себе не треба да ја ставите на прво место, па овој декември целосно посветете го на она за што говоревте изминатиов период. Вистинско време е грижата за вашето тело да им ја доверите на вистински професионалци, а токму тие, ве очекуваат во фитнес клубот Палестра на вториот кат во East Gate Mall.
ПР објава