Нов рекорд: 78,459,597 заразени од коронавирус од почетокот па до денес: Дали се приближуваме кон фаталната Шпанска грозница?
Прв и втор бран...па и трет на пандемијата со коронавирус.... Епилог-78,459,597 заразени ширум светот од самиот почеток па до денес. Број на починати- 1,726,177, а излечени 55,218,331. Последнава бројка влева надеж бидејќи голем е бројот на оние кои се опоравија од болеста. Светот се справува со нови заболени, а исходот од новите вкацини ќе го видиме дури за неколку месеци.
За споредба, Шпанската грозница имаше преку 50 милиони мртви, траеше две години, а жртвите страдаа многу. Неколку часа откако ги почувствуваа првите симптоми, се појави екстремен замор, треска и главоболка, а жртвите стануваа сини. Понекогаш сината боја станувала толку изразена што било тешко да се одреди оригиналната боја на кожата на пациентот. Пациентите имаа толку силна кашлица што некои дури и ги кинеа стомачните мускули. Од устата и од носот избрзнувало пена и крв.
Некои исто така крвавеа од ушите, други повраќаа, а други не можеа да го контролираат однесувањето, мокрењето или дефекацијата. Шпанскиот грип го погоди светот толку ненадејно и силно што многу од неговите жртви починаа за неколку часа од првиот симптом. Некои починаа ден-два откако сфатија дека се болни. Тежината на оваа треска беше алармантна. Луѓето ширум светот беа загрижени дека тоа ќе ги погоди и нив. Некои градови им наредија на сите да носат маски. Плукање и кашлање беше забрането во јавноста. Училиштата и театрите беа затворени, а масовните собири беа ограничени...
Никогаш да не се повтори!