Новак Ѓоковиќ имаше го покажа мистериозниот предмет од кој не се одвојува: „Ми даде доктор од Србија...“
Во интервју за магазинот GQ, Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот, сподели детали за предметите кои го придружуваат низ кариерата и животот. Меѓу нив има семејни слики, книги, бројаници, но и иновативен енергетски диск кој стана дел од неговите рутини за опоравување и подготовка за натпревари.
Еден од најнеобичните предмети што Новак Ѓоковиќ ги носи со себе е енергетскиот диск кој создава електромагнетно поле и помага во регенерацијата на телото.
„Тешко ми е да го објаснам овој уред, но кога ќе го ставите на одреден дел од телото, како на желудникот, тој ги забрзува метаболичките процеси и го намалува воспалението“, објасни Новак.
Овој диск, според него, се користи за ослободување од физичкиот стрес и проблемите предизвикани од напорите за време на натпреварите.
„Често имам стомачни проблеми кога сум нервозен или под стрес, а дискот ми помага да се чувствувам подобро“, додаде тој.
Дискот е дело на српски лекар и инженер кого Новак го познава и го користи за време на летовите и кога му треба дополнителна енергија.
„Не треба да се држи предолго на телото, доволни се околу 20-30 минути. Тој си ја работи својата работа“, изјави Ѓоковиќ.
Други важни предмети на Новак
Покрај енергетскиот диск, Новак се потпира на православен молитвеник, книги за родителство и свесно дишење, ѓердани со симболи на семејството и верата, како и специјално дизајнирани тениски чевли. Сите овие работи, вели тој, се дел од неговиот холистички пристап кон животот и кариерата.
„Моќта на универзумот е тука, овде и сега“, заклучи Новак, зборувајќи за симболиката на предметите што ги носи со себе, меѓу кои енергетскиот диск стана незаменлив дел од неговиот арсенал за постигнување врвни резултати.
Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs