Новак Ѓоковиќ откри што јаде за појадок: „Не можам да го започнам денот без ова“
Најдобриот
тенисер на светот последните пет години посветува особено внимание на исхраната
и здравиот начин на живот
Ноле пред четвртфиналето на Вимблдон, откри што јаде секогаш за појадок.
Ѓоковиќ, вели дека денот го започнува со здрава исхрана.
- Омилена храна за појадок ми се овошје и зелено смуди. Не можам да го започнам денот без нив - откри Новак.
Интересно е што Ѓоковиќ не јаде многу за време на натпреварите, дури и кога тие се многу напорни, а ако мора да консумира нешто тоа се претежно урми, понекогаш дури и банани, но вели тој, повеќе се потпира на психата и емоциите.
- Тенисот е поинаков спорт од другите затоа што ги нема истите физички барања. Во тенисот, натпреварот може да трае до пет часа, за време на натпреварите главно јадам урми, понекогаш малку банана, но најмногу урми. Пијам вода и два различни енергетски пијалоци, и тоа е тоа. Верувам во психата, во емоциите.
- Велат кога имате страв, имате грчеви во стомакот и не можете да јадете. Страв, нервоза и мотивација, сè што се случува кога ќе одите на финалето на Вимблдон, го прави вашиот стомак да се згрчи. Не мислите дека јадете нешто и знаете дека ќе имате енергија, затоа што она што го сторивте ден пред тој ден, го направивте на вистински начин да биде во максимум. Плус адреналин, маратонците трчаат 10 часа и не јадат ништо. Некој би рекол: Како?! Сè е можно - изјави неодамна Ѓоковиќ.
Фото: Инстаграм/Новак Ѓоковиќ