Новак Ѓоковиќ по потекло бил Македонец? Актерот излезе со статус

Ние не ја знаеме веродостојноста дали е тоа така, но еве што напиша актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи за потеклото на моментално најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Да не го знам чоекот ќе речам нека зборат шо сакаат за него. Ама го знам лично. На Ноле мислам.

Од каде бе Ноле Србин?

Мајка му по потекло од село Клечовце кумановско, па се преселила на Косово. Прадедо му од таткова страна е од село Курајца, охридско (ме пукнавте)... Другата прабаба од Вевчани. Дедото од мајчина страна од село Ѕвегор.

Од каде бе Ноле Србин?

Вика шо да праам бе глумец?

Србиве побрзи беа од вас. Вие си ќутевте ко за ајварот, па Словенците ви го брендираа ко да е словенечка измислица. Исто и со мене. Како сега да кажам јавно дека имам изразено внатрешно чувство дека сум Македонец, кога Србите први рекоа наш е.

Глупо ми е да им се побунам баш зашто сум Македонец па си ќутам бе глумец. Ама баш затоа дека сум бесен шо не можам гласно да викнам дека сум Македонец, сите ги мачкам на турнирите.само од бес бе друже. Башка и тоа што бев ативаксер кажуе дека сум Македонец. Да живее Македонија Ама не кажуј шо сум ти рекол!!!!

Ете така ми рече наш Ноле.

Ама за она не кажувај, му реков морам да пишам на ФБ оти не отекоа Србиве со фалење дека си Србин.“ - пишува Сашо Тасевски на Фејсбук.