Забава // Занимливости
„Новаково коло“- новата химна на Вимблдон: Жељко Јоксимовиќ ја компонираше
- 10 Јули, 2024
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне во осминафиналето на Вимблдон.
Сепак, на крајот од вториот и третиот сет, дел од публиката извикуваше „Руууу“, поддржувајќи го Руне и му го одвлекуваше вниманието на Ѓоковиќ.
На крајот во текот на својот говор Новак на сите им испрати порака.
„До сите оние кои беа со почит и останаа вечерва, имам само голема почит од се срце. И за сите оние кои избраа да не ги почитуваат играчите, во овој случај мене, ви посакувам добра ноќ. Добра ноќ! Добра ноќ’, ви посакувам многу добра ноќ“, изјави Новак.
Ова го инспирирало музичарот Жељко Јоксимовиќ да го создаде „Новаково коло“.