„Новата арапска принцеза“: Гавазова ги запали социјалните мрежи со ориентален жежок танц

Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова е популарна на социјалните мрежи, а често објавува видеа на кои ги покажува своите пејачки способности. 

Публиката сведочи дека Гавазова добро се снаоѓа и во танцувањето, па нејзините видеа од танцување на специфична музика достигнуваат голем број реакции и позитивни коментари на социјалните мрежи. 

Неодамна Гавазова повторно приреди спектакл за својата пубика и објави видео на кое изведува танц на ориентална музика. 

Оваа видео го наслови како „понеделничко“ видео и покажа колку е посветена на својата работа и публиката. Гавазова наоѓа креативни начини да ја забави публиката, поради што јавноста реагира со воодушевување и голема поддршка.