Новата Breitling SuperОcean Heritage57Capsule колекција испливува на површина од длабочините на океанот и времето
Пандемијата оваа година го спречи пролетното шоу за презентација на новитети во часовничарската индустријата, па Брајтлинг прифати еден се попопуларен пристап за откривањето на своите новини од 2020 година: Швајцарскиот бренд одржа свој прв веб-самит, 18-минутна дигитална прес-конференција, организирана од извршниот директор George Kern и со одлични моменти од трите најнови колекции на брендот прошарани со видеа од убавата екипа на брендот на славни актери и спортски амбасадори.
„Треба да останеме во контакт со љубителите и фановите на часовниците низ целиот свет - ова е причината зошто го правиме објавувањето“, рече Kern.
Тој додаде дека производите наскоро ќе бидат достапни на Breitling.com, но и на веб-страниците на нејзините партнери за малопродажба.
Брајтлинг Новитети I дел:
Новата Breitling SuperОcean Heritage57Capsule колекција испливува на површина од длабочините на океанот и времето
Следејќи го својот иновативен дух, во 1957 година Breitling го лансира првиот SuperОcean часовник кој со своите перформанси ќе ги задоволи критериумите и на најпребирливите обожаватели на водени спортови – било да е суфрање, пливање или нуркање. Задоволни останаа и колекционерите кои ги имаат овие сега навистина вредни парчиња кои претставуваат мала временска капсула за еден иноваторски и пркосен дух во индустријата на часовничарството, бидејки вредноста нивна достигнува и до 25.000 $ на рерките аукции.
После повеќе од 60 години од лансирањето на првиот SuperОceanчасовник, пред неколку денови Breitling ни ја претставува новата SuperОcean Heritage '57 Capsule колекција. Дизајнот на часовниците од оваа колекција е инспириран од оригиналот SuperOcean часовник од 1957 година. Секој часовник во колекцијата е modern-retro толкување нанаследството на брендот и го олицетворува лежерниот животен стил на сурферите и нуркачите.
Oвие Capsule модели ќе се произведуваат ограничено време и, следствено на тоа, во ограничен волумен;но не се нумерирани. Своевремено, со лансирањето на Capsule колекции брендот не носи назад до мноштвото на инспиративни приказни преку производството на извонредно уникатни часовници досапни на ограничено време, а часовниците од SuperОcean Heritage '57 Capsule колекцијата, дефинитивно имаат што да раскажат.
SUPEROCEAN HERITAGE '57
Оваа колекција ги задржува клучните елементи на дизајнот на првиот SuperOcean od 1957. Конкавен ротирачки безел, изработен од керамика што го прави отпорен гребење и шокови предизвикани од удар, со луминисцентна точка на безелот позиционирана на 12 часот, карактеристична за часовниците наменети за нуркачи. Додатно, веродостојноста на првичниот дизајн е надополнета со видливо истакнатите луминисцентни индекси на бројчаникот.
Сите часовници од оваа колекција се
изработени од високо квалитетни материјали, вклучувајќи 42 милиметарско куќиште
од медицински челик или од 18 каратно
розе злато.Достапни со две опции на бројчаник -
класичен црн бројчаник со црно кожно ремче во vintage стилкако и спортски син бројчаник
со кафеаво vintage
ремче.
Секако, и двете верзии се дотапни со Ocean
Classic mesh ремче изработено од медицински челик кое е
препознатлива карактеристика за SuperOcean моделите.
Исто така, постои и луксузна дво-тонска
верзија кај која основата е изработена од медицински челик додека пак ротирачкиот
безел е изработен 18 каратно злато во розева боја со црна керамика.
Овој впечатлив дизајн доаѓа со
бројчаник во црна боја; достапен со кожнокафеаво
ремче со бели шевови што му дава дополнителен vintage шмек, како и препознатливото Ocean Classic mesh ремче.
Часовниците во оваа современа интерпретација на богатото Breitling наследство се напојуваат преку самонавивачки автоматски механизам обезбеден со Breitling Caliber 10, кој нуди резерва на енергија до 42 часа.
Како и сите часовници на Breitling, тие се COSC сертифицирани хронометри, што претставува потврда за нивната прецизност и перформанси.
SUPEROCEAN HERITAGE '57 RAINBOW
Лимитирана едиција од 250 парчиња
Возбудувањето поврзано со оваа колекција не застанува тука! Breitling лансира и специјално лимитирано издание како дел од оваа колекција.
Апсолутно фасцинантен cool дизајн за кој извршниот директор на Breitling George Kern, ќе каже: „Ние го дизајниравме ова лимитирано издание на SuperOcean Heritage '57колекцијата како часовник за луѓе кои сакаат нешто повеќе од обичното - за луѓе кои сакаат и одличен часовник и експлозија од бои на нивниот зглоб во исто време.”
Овој часовник дефинитивно ја постигна својата цел – она што го прави уникатен е виножитото на бои на самите индекси на бројчаникот. Индексите, вклучувајќи ги и часовната и минутната стрелка се обложени со Super-LumiNova® во боите на виножитото; почнувајќи од жолта, зелена, сина, индиго, виолетова, црвена и портокалова.
Ова го прави часовникот доста лесен за читање во услови на намалена светлина. Верувајте, нема да сакате да ги тргните очите од него!
Но, доколку сакате да додадете уште боја, дозволете да ви ги претставиме компатибилните ECONYL® Нато ремчиња, коифантастично ја надополнуваат оваа колоритна и уникатна лимитирана едиција.
Ова ултра забавно хипи издание на SuperОcean Heritage '57 е ексклузивно достапно во Breitling бутиците. Лимитирано на 250 парчиња (со специјална гравура на задниот капак “ONE OF 250”).