Новата линија на уреди на Samsung за 2022 година дизајнирана за иновативно персонализирано искуство
Производите на Samsung за 2022 година ги нудат најновите технологии, карактеристики и дизајн за редефинирано искуство на повеќе поврзани уреди
На вчерашниот виртуелен настан, Unbox & Discover, компанијата Samsung Electronics ја претстави новата линија на Neo QLED 8K телевизори, Soundbars, новите додатоци и визијата за одржливост за 2022 година. Со новата линија на уреди, Samsung настојува да ја редефинира улогата на телевизорите преку создавање прекрасно дизајнирани, врвни екрани кои нудат повеќе од само забава. Екранот на овогодинешните производи, нуди комплетно ново ниво на уживање за корисникот поради своите карактеристики, кои овозможуваат гејминг, работа, поврзување со пријателите, сè од едно место.
„Фокусирани сме на создавање беспрекорно искуство со сите наши уреди, овозможувајќи им на корисниците безгрижно уживање во сите функции и придобивки. Neo QLED 8K за 2022 година, е дизајниран да ги задоволи потребите и да ја разбуди страста на нашите корисници, а сите иновациите се поттикнати токму од нивните искуства. Neo QLED 8K како најважен уред во срцето на секој дом, има моќ да создаде нови искуства и вредности за нашите клиенти,“ вели Jong-Hee (JH) Han:потпретседател, извршен директор и раководител на Samsung Device eXperience одделот. Новото портфолио на производи на Samsung за 2022 година е развиено следејќи ја визијата „Screens Everywhere, Screens for All “, ставајќи ги телевизорите како клучни уреди во домот и животот на секој корисник. Согласно оваа визија, Samsung создаде уреди кои беспрекорно се интегрираат како би обезбедиле персонализација и поврзување, осигурувајќи се дека екранот одговара на секоја средина и начин на живот. Историски гледано, телевизорите и екраните најчесто се поврзуваат со терминот „гледање“, но Neo QLED 8K се обидува да го промени тоа со проширување на можностите и создавање нови вредности за корисничкото искуство.
Neo QLED 8K – најдоброто станува уште подобро
Neo QLED 8K за 2022 година е надограден за да го подигне искуството на голем екран на едно сосема ново ниво. Го поседува Neural Quantum 8K - најновиот процесор со 20 независни мрежи со невронска вештачка интелигенција. Секоја од нив ги анализира карактеристиките на содржината и квалитетот на прикажување на сликата за оптимално гледање, без оглед на изворот.
Процесорот Neural Quantum 8K исто така лансира нова технолошка иновација - Real Depth Enhancer. Оваа функција го скенира екранот и го максимизира контрастот во однос на позадината, истовремено подобрувајќи го фокусот на предметот додека ја остава позадината недопрена. Оваа технолошка иновација функционира на сличен начин како човечкото око - ги перцепира сликите во реалниот живот, така што предметот на екранот се истакнува во позадината.
Понатаму, нова карактеристика е Shape Adaptive Light Control која му овозможува процесорот во комбинација со моќната Quantum Mini LED технологија да создаде прецизно и контролирано осветлување, така што светлите делови остануваат светли, а темниот простор околу останува темен. На пример, полната месечина ќе остане осветлена на темното ноќно небо.
Новиот Samsung QLED за 2022 година го доби првиот светски сертификат „Pantone Validated “ за екраните од Pantone - глобален авторитет за бои и креатор на системот за усогласување - Pantone Matching System (PMS) , што значи дека моделите автентично репродуцираат повеќе од 2.000 бои, како и новододадените 110 нијанси на бои на кожата кои се наоѓаат во упатствата на Pantone. Овие светли бои се пријатни за гледање со подобрениот режим EyeComfort. Функцијата користи технологија за вештачка интелигенција за автоматско прилагодување на осветленоста и температурата на бојата на екранот според околината во која се наоѓа – во зависност колку е светла или темна просторијата и во комбинација со информации за зајдисонце/изгрејсонце како би се оптимизирало најдоброто доживување при гледање.
Врвен Dolby Atmos звук со паметни функции
За вистински да уживате во содржините кои ги гледате, телевизорите и екраните треба да имаат силен и нијансиран звук што ќе се вклопи во богатите бои и острите детали. Процесорот AI Neural Quantum 8K во реално време анализира што е вклучено, така што функцијата „Adaptive Sound“ може да го следи и префрла звукот помеѓу звучниците за точно да одговара на содржината што ја гледа корисникот.
Во QN900B, водечкиот Neo QLED 8K модел на новата линија телевизори, целиот звук доаѓа од 6.2.4-канален аудио систем од 90W. Опремен е со нови звучници од висока класа и технологија Dolby Atmos и Object Tracking Sound Pro, која исто така се користи и за препознавање на гласот заедно со функцијата Voice Tracking Sound, која им овозможува на звучните ефекти и гласовите вистински да го следат движењето на екранот.
Дополнително, Samsung ја воведува безжичната технологија Dolby Atmos на своите Neo QLED 4K и 8K телевизори, обезбедувајќи врвен квалитет на звукот без употреба на HDMI кабел. Безжичната функција Dolby Atmos ја има и на новиот Samsung Ultra Slim Soundbar 2022, кој е дизајниран за импресивно аудио искуство со минималистички и елегантен изглед.
Врвно искуство на екранот
За да се обезбеди беспрекорно корисничко искуство, новата линија производи за 2022 година е опремена со иновативни и паметни функции за кориснички интерфејс, правјеќиги екраните на телевизорите на Samsung незаменливи кога станува збор за гледање содржина, управување со уреди, гејминг, вежбање и многу, многу повеќе.
· Нов Smart Hub: Samsung Smart Hub е кориснички интерфејс поддржан од оперативниот систем Tizen. Samsung Smart Hub го носи секој елемент од паметното искуство на еден почетен екран кој е лесен за користење и управување. Новиот таб ги класифицира функциите, поставките и содржините во три категории за беспрекорно корисничко искуство: Media, Gaming Hub и Ambient.
· Медиа: им овозможува на корисниците да организираат опции за забава – вклучителновидео on demand, стриминг и Samsung TV Plus со над 190 бесплатни канали – плус користи машинско учење за да ги сними корисничките параметри како би дале паметни препораки на сите платформи и услуги.
· Gaming Hub: Нова платформа за стриминг која го поврзува хардверот и софтверот за да обезбеди неверојатно гејминг искуство. За Gaming Hub нема да ви биде потребно преземање или складирање. Од Samsung, објавија и партнерство со водечките услуги за стриминг - NVIDIA GeForce NOW, Stadia ™, Utomik и други претстојни партнери - за да ги направат нивните библиотеки за игри достапни на платформата Gaming Hub. Новата платформа ќе биде достапна подоцна оваа година на одредени модели на Samsung Smart TV од 2022 година.
· Амбиент: амбиенталниот екран ја подобрува естетиката на домот, без разлика дали се работи за синхронизирање на екранот со стилот на ентериерот или поставување на дисплеј што ќе се истакнува во собата.
· Гејминг искуство: линијата Neo QLED за 2022 година доаѓа со спецификации и карактеристики создадени за супериорно искуство за гејминг благодарение на новиот Gaming Hub. Уредите вклучуваат четири HDMI 2.1 приклучоци, Motion Xcelerator Turbo Pro 4K 144Hz гејминг, Super Ultrawide GameView и Game Bar, обезбедувајќи поефикасно играње и брзо и модерно искуство со стриминг. Со неверојатен квалитет на сликата и подобрени поставки, игрите ќе бидат пореални и повозбудливи од кога било досега. Samsung, исто така, во блиска иднина ќе воведе ексклузивна линија на гејмерски телевизори од 43 и 50 инчи.
· Samsung Health нуди широк спектар на вежби и велнес активности, но и многу начини за следење на здравјето и рутините. Корисниците можат лесно да ги следат своите фитнес активности на нивниот телевизор и беспрекорно да се синхронизираат со другите уреди – на пример паметниот часовник Galaxy Watch4 за да го следат напредувањето во реално време на големиот екран.
· Samsung SmartThings: со апликацијата Samsung SmartThings екранот станува централно место за практично контролирање на останатите домашни апарати. Оваа функција е вклучена во телевизорите на Samsung и ги користи предностите на големиот екран за да им помогне на корисниците да ги откријат, прегледуваат и контролираат уредите во домот.
· NFT Platform: Новина во 2022 година е Samsung NFT платформата, создадена во партнерство со лидерот во индустријата, Nifty Gateway. Амбиенталниот режим им нуди на корисниците платформа NFT која на едно место ги носи можностите за истражување и прикажување на дигиталната уметност NFT на Samsung Neo QLED и QLED уредите за 2022 година како нов начин на собирање и презентирање уметнички дела
Одлживост во согласност со „Go Green“визијата
Samsung секогаш размислува како процесот на производство и употребата на производи влијаат на животната средина на планетата, па токму затоа напорно работи на изнаоѓање начини и решенија за намалување на сопствениот печат и изградба на подобра иднина за планетата.
· Еко-пакување: Samsung го подобрува своето еко-пакување со 90% помалку боја, а истовремено ја елиминира употребата на спојници за време на производството. На овој начин дополнително го намалува количеството отпад и ја олеснува неговата обработка во центрите за рециклирање.
· Далечински управувач SolarCell: Далечинскиот управувач SolarCell од 2022 година, исто така, доби надградба. Сега е 88% поефикасен од претходните модели од 2020 година. Тие не содржат батерија и се полнат преку собирање на радио фрекфенции од 2,4 GHz - црпејќи од резервната енергија што ја емитуваат Wi-Fi рутерите.
· Рециклирани материјали: Samsung телевизорите, мониторите, дигитални натписи и далечински управувачи од 2022 година користат рециклирана смола. Рециклираната смола се добива од пластиката пронајдена во океаните или крајбрежните области, која инаку би станала штетен морски отпад.
· Сертифициран Carbon Trust: Samsung Neo QLED 8K / 4K ја доби ознаката „Намалување на CO2“ од Carbon Trust, што покажува дека јаглеродниот отпечаток за Neo QLED линијата се намалува од година во година.
Персонализирајте го вашиот телевизор со додатоци
Кога се во прашање телевизорите, секој корисник има свои уникатни вкусови и желби. Поради оваа причина, Samsung создаде нови додатоци на својата нова ТВ линија за 2022 година кои обезбедуваат сосема ново ТВ искуство.
· Slim Fit Wall Mount: за сите корисници кои сакаат да го монтираат својот екран на ѕид, Slim Fit Wall Mount му овозможува на телевизорот додека стои на ѕид истовремено да се ротира нагоре, надолу и настрана за да обезбеди совршен агол на гледање без разлика каде седите.
· Studio Stand држач: Studio Stand држачот нуди уникатен и елегантен начин за поставување на Neo QLED 8K телевизорот со уметнички шмек.
· Автоматско ротирање: Нов додаток кој ги проширува можностите за ротација на екранот кои ги презема од The Sero до Neo QLED 8K телевизорите. Автоматското ротирање носи мобилно искуство на големиот екран, што значи дека корисникот може да ја гледа својата содржина во режим на портрет со новиот изглед и распоред на опцијата MultiView. Може да се користи како сталак или држач на ѕид, додека приказот на екранот ќе се максимизира за да се оптимизира искуството на гледање.
За повеќе информации посетете ја веб страната на Samsung – www.samsung.com
* ПР - објава