Нови обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој
Доколку посакувате во наредните години да станете Специјалист за човечки ресурси, Специјалист за продажба, Специјалист за ИТ, Специјалист за набавки, Специјалист за маркетинг или Специјалист за финансии - присуството на една од овие on line обуки е првиот чекор кон големата цел.
Мотива разви шест обуки од проектот Одржливи вештини за раст и развој-Sustainable skills for Growth and Development, проект подржан од Фондот за иновации и технолошки развој.
Обуките се посебно дизајнирани програми, наменети за насочување и почеток на едукација на невработени, студенти или вработени, кои сакаат да градат кариера и да се специјализираат и работат во една од горенаведените дејности во наредните неколку години во рамките на секторите и одделенијата за човечки ресурси, продажба, маркетинг, набавка, финансии или информатичка технологија во јавен и приватен сектор или во своја компанија.
Мотива Ве поканува за учество во обукaво живо on-line(преку Zoom) за вештини, алатки, знаење и начин на размислувањекои ви се потребни за да станете специјалистна работното место што го посакувате.
-Обука за Специјалист за човечки ресурси 18,19,20,23 Ноември 18-20,30 час
-Обука за Специјалист за ИТ 18,19,20,23 Ноември од 12-14,30 час
-Обука за Специјалист за продажба 24,25,26,27 Ноември од 18-20,30 час
-Обука за Специјалист за маркетинг 24,25,26,27 Ноември од 12-14,30 час
-Обука за Специјалист за набавки 30 Ноем, 1,2,3 Декември од 12-14,30 час
-Обука за Специјалист за финансии 30 Ноем, 1,2,3 Декември од 18-20,30 час
Проектот е поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој
Секоја поединечна насочувачка обука е организирана во шест модули кои овозможуваат развој на вештини и знаења кои заедно со другите посочени извори на учење и практична работа, во наредните три до шест години ќе им помогнат на учесниците на обуката во специјализирање и професионален развој, во секторите и одделенијата или во отворање на свој сопствен бизнис во дејноста за која се заинтересирани.
Обуката во траење од 4 дена по 2,5 часа е исполнетасо активно искуство за учење, вмрежување, менаџмент игри,повеке спикери, панели, работа во помали тимови. Секој учесник добива сертификат за завршена обука.
Цената за учество во поединечните обуки е:
-за невработени и студенти Ден. 2.500 со вклучен ддв
-за вработени лица Ден. 8.500 со вклучен ддв
Доколку сакате повеќе информации од претставниците на Мотива, побарајте на тел. 070 358 680 и 02/3061114 или контактирајте на email:motiva@t.mk
ПР објава