Новиот Мистер на Македонија: Најбитно е кога ќе ти рече некој дека си добар човек
Ние не сме грда нација. Имаме убави луѓе. Да, убавината е релативна и онаа внатрешната е најбитна, но што гледаме кај некого кога ќе го видиме за прв пат? Се разбира, физичкиот изглед. Убавината продава, отвара и затвара врати, но битно е и како ја одржуваме. Ако сме шупливи од внатре, џабе се и пластични операции. Балансот е најбитен во се’ па така и во оваа категорија.
Токму таков баланс постигнал новиот Мистер на Македонија, Андреј Боцевски (22) од Скопје. Тој ќе ја претставува Македонија на интернационалниот избор “Mister Pacific Universe” кој ќе се одржи во фебруари 2021 година во Перу, Јужна Америка.
Андреј е висок 188 см, тежок 78 кг. и има атлетски градено тело. За Машки магазин ни раскажа многу нешта поврзани за убавината, неговиот живот, одржувањето на формата и самиот избор...
- За изборот слушнав случајно од социјалните мрежи, се консултирав со мојот пријател и решив да се пријавам. Ги исполнив критетиумите. Потоа, ги испративме моите генерали и фотографии на менаџментот на Мистер Пацифик Јуниверз 2021- вели Андреј.
Тој постоајно, уште како дете сакал да се бави со моделство, а оваа шанса е сигурен дека не смее да се пропушти. Има завршено курс за моделство во „Црнокрак“ и има учествувано на неколку модни ревии, но никогаш не се занимавал со тоа професионално.
За него е голема чест што нашата земја ќе ја претставува на ваков престижен избор за убавина. Самата маифестација e една од најдобрите кога се работи за избор на машка убавина. Изборот има подолга традиција, а ќе учествуваат преку 70 земји ширум светот. Ние неколку пати праќавме наши претставници на ваквите настани, а токму македонецот Стефан Лошковски победи на интернационалниот избор „Mister sea world 2012“.
Инаку, Боцевски вежба од својата 17-та година, тренира мма, бокс, џиу џитсу. Смета дека дефинирал фитнес тело, така што за овој избор ќе биде во топ форма. Тренира по 2-3 часа дневно, сабајле и навечер.
- Најбитно е кога вежбате
тоа да го сакате од срце. Јас вежбам од понеделник до сабота, а недела ми е ден за одмор бидејќи мускулите треба да се одморат
барем еден ден. Моите
вежби ги имам комбинирано
така што понеделник, среда и петок вежбам без тегови односно правам стомачни, склекови, вежби на мултифункционално вратило и скокање на јаже. Додека
пак вторник, четврток
и сабота дигам тегови и повторно скокам на јаже. И секој ден возам велосипед најмалку 10 км- додава Боцевски.
Многу внимава на исхраната, најмногу таа е базирана на повеќе протеини и одбегнува производи кои се печени на секера и нездрави работи. На пример, не пие газирани и густи сокови туку си прави во блендер од природно и свежо овошје, а консумира најмалку по 4-5 литри вода на ден.
Свесен е за својот физички изглед но исто така е свесен дека убавината доаѓа таму од длабочината на душата.
- Убавината секој од нас ја носи во себе, дури понекогаш мислам дека внатрешната убавина е подобра од надворешниот изглед. Убаво е кога некој ќе ти даде комплимент дека убаво изгледаш но уште побитно е кога ќе ти рече дека си добар човек- искрен е Андреј.
Интересно е тоа што работи во казиното Фламинго и многу е задоволен од својата работа. Припадник е на трендовски стил на облекување, а го преферира брендот „Тудорс“. Неговиот најсилен адут според него кога се во прашање девојките му е насмевката, а полни батерии во природа.
А, како најсилен адут за победа на интернационалниот избор, две работи ги потенцира како најбитни, па вели: Мислам дека тоа се очите и мојата искреност!
Небојша Толески