Новогодишната кампања на Телеком нè поттикнува вистински да се поврземе
Меѓународната кампањата со порака: „Најубавиот подарок е кога сме вистински поврзани“ ќе се емитува во десет земји
Телеком повикува на поголема толеранција и единство
Меѓународната Новогодишна кампања на Дојче Телеком со порака: „Најубавиот подарок е кога сме вистински поврзани“ прикажува типично празнично сценарио: семејство кое се собира за најубавата прослава во годината.Сите се радосни што повторно се гледаат и покрај малку чудните прашања и очекувања од страна на роднините.Но, само едно прашање е навистина важно:„Дали си среќен?“
Ова е првата меѓународна кампања под новиот слоган на Дојче Телеком:„Connecting your world”, а токму тоа е и симболиката на кампањата: вистински човечки врски коишто ни значат.
„За време на празниците се спојуваат различни генерации со различни стилови на живот,што природно води до спротивни гледишта и очекувања, коишто честопати се искажуваат преку малку непријатни прашања“ – вели Урлих Кленке, Главен директор за бренд на Дојче Телеком.„Ние во Дојче Телеком се залагаме за различности, отвореност и толеранција.На сите треба да им биде дозволено да го живеат својот живот онака како што сакаат.Она што навистина е важно е длабоката врска којашто ја споделуваме со луѓето коишто ги сакаме и покрај разликите.“
Создавање емотивна блискост со искрени прашања
Приказната зборува за еден млад човек којшто доаѓа дома да го види своето семејство за Новогодишнитепразници.Наместо очекуваната радост и хармонија од семејната средба, тој е бомбардиран со прашања:„Кога веќе еднаш ќе го завршиш факултетот?“„Најде ли девојка конечно?“„Кога ќе добиеме внучиња?“
Расположението опаѓа сѐ до моментот кога неговата баба му го поставува најважното од сите прашања:„Дали си среќен?“Во тој момент, оваа искрена врска помеѓу бабата и внукот фрла сенка врз сѐ друго.
Кампањата е создадена од Saatchi & Saatchi и промовира подлабока меѓучовечка блискост на еден весел и игрив начин.
Новогодишната кампања на Дојче Телеком се емитува во десет земји во Европа каде е присутна групацијата:Македонија, Словачка,Германија, Хрватска, Црна Гора, Австрија и Полска, како и Романија, Република Чешка и Унгарија.
Учествуваат:
Автори:MUW Saatchi & Saatchi Bratislava
Продукција:Armada Films
Режисер:Адам Хашеми
Музика:Виктор Хазард
Македонски Телеком