Новогодишно со Светлана и Мики Црнокрак: Секогаш еуфорични и позитивни

Организатор за новогодишни подароци во семејството Црнокрак секогаш е Светлана. Таа е како Баба Мразица, а Дедо Мразот, Мики, финансиски засилува. Во изминативе неколку години и нивните две ќерки почнале да изненадуваат со подароци, што им е мило, бидејќи како родители успеале да им ја пренесат предновогодишна еуфорија на подарување.


ЖМ: Погледот на Новата година честопати е еуфоричен и позитивен. Надежта дека од 1 јануари сѐ ќе биде подобро е длабоко вкоренета во нас. Какво е расположението кај вас?

Светлана:  Токму така, од секогаш 1-ви јануари е позитивен, нѐ носи кон нешто подобро, кон нов почеток на нештата.. Уште како мали со нетрпение сме го очекувале тој ден, Новата година, секогаш еуфорични и позитивни. Така е и сега, можеби не толку еуфорични, но оптимистички расположени во секој поглед.


ЖМ: Каде ќе ја дочекате Новата 2025 година?

Мики: Бидејќи предновогодшните прослави и настани ги поминуваме повеќето работно преку нашата Модна агенција, Новата година ќе ја дочекаме во посмирен амбиент, во домашна атмосфера, да собереме сила за претстојните скијачки денови.

ЖМ: Кога ќе погледнете назад низ месеците, деновите од годината која поминува, што беше најголем успех на приватен и на професионален план?

Светлана: На приватен план како и секоја година на прво место е мир во куќата и хармонија во семејството, кои и оваа година само ги надоградивме, додека на профeсионален план - имав една позитивна промена во презентерската професијата, додека како Модно студио Црнокрак најголеми успеси повторно постигнавме на интернационален план, со нашите членови, кои донесоа повеќе титули за Македонија од изборите за убавина и модели, на кои учествувавме ширум целиот свет. А особено сме горди на победата на нашата Теа Георгиевска на Изборот на Мис на Македонија, кој после многу години се одржа кај нас и секако на нејзиното учество на Мис на универзумот 2024, каде Македонија за прв пат во историјата имаше претставник.

Целиот текст на ЖЕНСКИ МАГАЗИН